Девет смртни случаи, 193 новозаболени лица и 46 излекувани е ковид билансот во земјата во последните 24 часа, соопштуваат од Министерството за здравство (МЗ). Во изминатото деноноќие, според МЗ, се направени 1.391 тест при што вирусот е детектиран кај 14о лица во Скопје, 19 во Тетово, 11 во Охрид, шест во Штип, пет во Струга, четири во Гостивар, по двајца во Куманово, во Велес и во Ресен и по еден во Дебар и во Свети Николе.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 46 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 35, во Куманово – 1, во Штип – 6, во Тетово – 1, во Струга – 1, во Гостивар – 1 и во Валандово – 1. Починати се девет пациенти од кои пет од Скопје, двајца од Куманово и по еден од Тетово и од Охрид.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 години и 47 години кои биле хоспитализирани на 4 јуни, односно на 7 јуни и 85 годишна пациентка која била примена на 9 јуни.
Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица – двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 јуни, односно на 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 годишна возраст, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на возраст од 61 година, примен на 2 јуни.
Во Општата болница во Куманово почина пациент на возраст од 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, додека во Општата болница во Охрид почина пациент на возраст од 83 години, примен на 8 јуни.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.482, бројката на оздравени пациенти е 1.803, на починати е 210, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 2.469. Дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје – 2.137, активни 1.425
Куманово – 653, активни 206
Дебар – 62, активни 11
Штип – 250, активни 202
Прилеп – 229, активни 17
Тетово – 459, активни 278
Струга – 142, активни 63
Велес – 156, активни 31
Битола – 35, активни 8
Охрид – 84, активни 65
Кавадарци – 8, активни 3
Гостивар – 73, активни 47
Гевгелија – 8, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица – 9, активни 6
Крива Паланка – 10, активни 4
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 5, активни 2
Кочани – 55, активни 24
Пробиштип – 11, активни 9
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 3, активни 1
Пехчево – 5, активни 2
Берово – 2, активни 1
Валандово – 5, активни 3
Виница – 3, активни 0
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 4, активни 2
Свети Николе – 11, активни 10
Кичево – 5, активни 3
Ресен – 34, активни 33
Неготино – 18, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1391 тест се преку ИЈЗ – 580, преку ЦЈЗ Скопје – 24, преку „Авицена“ – 107, преку „Биотек“ – 142, преку „Систина“ со PCR метода – 91, преку МАНУ – 149, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 262 и преку Судска медицина – 36. Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени се 15 пациенти од кои седум се префрлени од ГОБ „8 септември“. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ се примени 20 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 109 лица. На респираторна машина се седум, a со потешка клиничка слика се уште 30 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 306
Аеродром – 119
Бутел – 106
Гази Баба – 114
Центар – 114
Карпош – 100
Сарај – 95
Кисела Вода – 71
Ѓорче Петров – 57
Студеничани – 62
Шуто Оризари – 46
Арачиново – 33
Илинден – 28
Петровец – 12
Чучер Сандево – 7
Сопиште – 11
Зелениково – 1
Странец – 2
Нераспределен – 1