Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сотирова Бухова: Во државата се регистрирани 40 големи кластери

0
By Нова ТВ on June 18, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: nezavisen.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 18, 2020 14:14

Решенија на позитивни лица се издадени во Чаир, во Гази Баба, во Аеродром, во Сингелиќ и во Сарај. Епидемиолошките анкети укажуваат на бројни семејни кластери. Во периодот од 24 мај наваму, односно денот кога почна релаксирањето на мерките, евидентно се зголемува бројот на позитивни пациенти. Секој ден бројот на позитивни пациенти значи огледало на нашето однесување ретроградно наназад најмалку 14 дена. Во овој период регистрирани се над 40 големи кластери на територија на целата држава и неколку кластери, во еден период беа 15, па 20, на територијата на Град Скопје.

Ова денеска на прес-конференција го истакна директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова, која рече дека големите кластери се „Мекици Охрид“, „Слава Ресен“, „Свадба Скопје“, „Ифтарски вечери“ и „Погреби“ и на нив присуствувале од 50 до 150, а некаде и 200 луѓе, за што, како што посочи, како Инспекторат не можат да поверуваат дека не биле забележани и не интервенирало МВР.

Во однос на семејните кластери, потенцира според епидемиолошките анкети, има од четири до 20 инфицирани лица со исто презиме, односно во една фамилија.

„Досега ДСЗИ има издадено над 8.000 решенија по основ на контакти, над 3.200 решенија на позитивни за домашно лекување и самоизолација и над 3.500 решенија на повратници со негативен PSR тест“, додаде д-р Сотирова Бухова на денешната прес-конференцијата во Владата.

ДЗСИ Иринка Сотирова-Бухова Кластери Коронавирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.