Железничкиот сообраќај во државава сеуште е во прекин откако вчера попладне машиновозачите стапија во штрајк.
Според Независниот синдикат на машиновозачите при МЖ Транспорт,причина за штрајкот е нередовната исплата на платите и ненавремено добивање сини картони.
Од Железничката станица во Скопје информираат дека поради штрајкот сообраќајот е во целосен прекин.
Синдикатот вчера почна преговори со ресорното Министерство и најави дека штрајкот ќе трае се додека не се исполнат поставените барања.
Кон одлуката за штрајк на Независниот синдикат се приклучија и други синдикати во МЖ Транспорт.