НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Биогоривата со удел од само 0,19 проценти во вкупната потрошувачка во 2019 година

0
By Нова ТВ on June 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Биогоривата учествуваат со само 0,19 проценти во вкупната потрошувачка на нафтени деривати на домашниот пазар во 2019 година, покажува извештајот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Тоа е намалување во однос на 2018 година кога учествуваат со 0,2 процента, иако со Стратегијата за развој на енергетиката се предвидува зголемување на учеството на биогоривата до 10 проценти до 2030 година.

Во потрошувачката на нафтени деривати минатата година доминираат дизел-горивата со 68,5 проценти, по што следат безоловните бензини со 11,02 процента, мазутот со 7,7 проценти и течниот нафтен гас со 7,8 проценти.

Продажбата на нафтени деривати на домашниот пазар во 2019 година бележи раст од 10,17 проценти во однос на 2018 година, при што значителен раст од 12,4 проценти има кај дизел-горивото, односно во 2019 година биле продадени вкупно 642.742 тони, споредено со 571.893 тони во 2018 година. Бензините имаат раст од 2,7 отсто, а горивото течен нафтен гас (ТНГ) 1,8 проценти. На нашиот пазар минатата година се продадени 1.748 тони биогориво.

Обновливите извори што се користат во транспортот на ниво на Европската Унија се во постојан раст и во 2018 година нивниот удел изнесува осум проценти. Целта е до 2020 година да се достигне нивото од 10 проценти, а во 2030 до 14 проценти. На бензинските станици во Европската Унија дизел-горивата содржат и до десет проценти чист биодизел. Истиот е блендиран со фосилното дизел-гориво на начин што ги задоволува нормите за квалитет, а, истовремено, ја намалува емисијата на штетни гасови.

Сите дизел-горива продадени на бензинските станици во Европската Унија во 2017 година содржеле биодизел, додека 87,6 проценти од бензинот содржел биоетанол. Стимулирањето на биодизелот и биоетанолот на нашиот пазар може да има двоен ефект – намалување на емисијата на штетни гасови од возилата и поттикнување на земјоделството преку домашно производство на основната суровина, односно маслодајната репка.

Единствената рафинерија за производството на биогорива во нашата земја е во сопственост на „Макпетрол“ и работи од 2007 година. Има капацитет од 30.000 тони годишно, а за производство на биодизел-гориво се користи нерафинирано масло од семе од маслодајна репка.

Биогорива ЕУ Македонија Макпетрол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.