Девет починати пациенти, 176 новозаразени и 80 излекувани е состојбата со Ковид-19 во земјата во последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Од таму истакнуваат дека во изминатото деноноќие се направени 870 тестирања што покажале позитивни резултати кај 61 лице во Скопје, 22 во Тетово, 19 во Струга, по 14 во Охрид и во Штип, осум во Куманово, седум во Гостивар, шест во Кичево, по пет во Прилеп, во Велес и во Ресен, три во Битола, две во Кочани и по едно лице во Дебар, во Струмица, во Пробиштип, во Демир Хисар и во Пехчево.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 80 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 5, во Куманово – 1, во Штип – 18, во Тетово – 30, во Битола – 2, во Гостивар – 8, во Гевгелија – 1, во Струмица – 1, во Кочани – 8, во Берово – 1, во Валандово – 2, во Кичево – 1 и во Ресен – 2. Починати се девет лица од кои седум од Скопје и по едно од Тетово и од Струга.
Сите седум смртни случаи во Скопје се регистрирани во ГОБ „8 септември“ – двајца од пациентите на возраст од 62 години, а останатите на возраст од 56 години, од 59 години, од 74 години, од 88 години и 73 години.
Во Клиничката болница во Тетово почина пациент на возраст од 79 години, а во денешната статистика е евидентиран и пациент од Струга кој починал во Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) на возраст од 84 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.080, бројката на оздравени пациенти е 2.315, на починати е 286, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 3.479. Дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје – 2.951, активни 1.978
Куманово – 740, активни 283
Дебар – 91, активни 39
Штип – 319, активни 176
Прилеп – 250, активни 27
Тетово – 664, активни 367
Струга – 214, активни 131
Велес – 178, активни 35
Битола – 49, активни 16
Охрид – 163, активни 139
Кавадарци – 14, активни 8
Гостивар – 111, активни 62
Гевгелија – 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица – 15, активни 10
Крива Паланка – 15, активни 9
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 6, активни 3
Кочани – 69, активни 24
Пробиштип – 15, активни 10
Демир Хисар – 2, активни 1
Македонски Брод – 4, активни 2
Пехчево – 6, активни 3
Берово – 2, активни 0
Валандово – 6, активни 2
Виница – 3, активни 0
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 4, активни 1
Свети Николе – 25, активни 23
Кичево – 30, активни 25
Ресен – 98, активни 92
Неготино – 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 870 теста се преку ИЈЗ – 396, преку „Авицена“ – 99, преку „Биотек“ – 74, преку МАНУ – 153, преку Клинката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 29, преку „Систина“ со PCR метода – 71, преку ЦЈЗ Битола – 28 и преку лабораторија „Лаор“ – 20. Досега во земјата се направени вкупно 58.765 тестирања на ковид-19.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа се примени четворица пациенти, а вкупно се хоспитализирани 98. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се сместени 19 возрасни позитивни пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ се примени се нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 129 пациенти од кои девет се поставени на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 39 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 80 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.