Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи Жан Кастекс за наследник на премиерот Едуар Филип, кој утринава поднесе оставка на функцијата. Последен ангажман на Жан Кастек беше на спроведување на мерките за излегување од изолација што беа воведени со епидемијата на Ковид-19.
Жан Кастекс (55) завршил студии на ЕНА (Националната школата за администрација). Работел во Судот за ревизори, бил заменик секретар на претседателството на Републиката во периодот меѓу 2011 и 2012 година, кога Никола Саркози беше претседател. Во првиот круг од општинските избори, што се оддржаа на 15 март, Кастекс беше реизбран за градоначалник во Праде, град во источните Пиринеи.