Сања Лукаревска, како членка на Клубот на жени на СДСМ, истакна осуда за реториката на носителот на кандидатската листа за пратеници во Изборната единица 4 и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев од денешната аудио „бомба“ што излезе во јавноста.
„Денес слушаме за некаков бокс во фаца од генерален секретар на политичка партија, човек кој што оди низ државата и лобира да извлече што повеќе гласови на 15 јули. Игор Јанушев. Што тоа значи? – Тоа значи дека нивната матрица не е сменета, тоа значи дека нивниот стил не е сменет. Лаги, измислици, манипулации, политиканство за ефтин популизам. Нивните кандидатки за пратенички велат креваме глас за родова еднаквост, но не испаѓа така по ова денес дека креваат рака на жените. Баш затоа на 15 јули ќе го доживеат најголемиот пораз. Прво од кого ќе бидат казнети е од женската сила, таа ќе им го зададе најголемиот удар“, истакна Лукаревска на денешната трибина со граѓани во Гази Баба.