НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русковска до ВМРО-ДПМНЕ доставила опомена пред тужба за клевета

0
By Нова ТВ on July 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефицата на Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска вчера (3 јули) до коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, преку полномошник, доставила опомена пред тужба за клевета. Повод за ваквиот потег на обвинителката бил дел од содржината на изборниот спот на опозициската коалиција насловен како „Криминална приказна“.

Во посочениот изборен спот, мајката го прашува детето која приказна сака да му ја прочита, а нејзиниот избор паѓа на приказна, која во спотот е прикажана со наслов: „Зоран и илјадниците ветувања“. Во нарацијата како главни протагонисти се споменуваат „Црвенкапа, Зоран, Вицето и Рада“. Приказната што мајката му ја раскажува на детето, завршува со порака на Зоран до Црвенкапа: „Многу прашуваш ти, ќе ми направиш проблеми. Имам претчувство дека Вилма ќе те викне да си одбереш за што да ти покрене обвинение”.

Нарацијата завршува со констатација „…И сите криминално си живееја. Потоа им дојде даскалот“, а спотот завршува со партиската порака „Време е за посреќна приказна за вашите деца“.

Обвинителката Русковска потенцира дека одбива да биде поврзувана со која било партија.

„Јас како обвинител повеќе од 23 години, во сите предмети по кои сум постапувала сум се водела исклучиво по Закон и доказите кои сум успеала да ги обезбедам. Сакам да потенцирам дека никогаш не сум дозволувала политиката да влијае на моите одлуки. Политичарите се менлива категорија, а ние обвинителите треба нашата функција да ја извршуваме најпрофесионално, законито и според доказите кои сме успеале да ги обезбедиме. Впрочем, и затоа граѓаните не плаќаат. Oд овие причини, одбивам да ме поврзуваат со која било политичка партија и да бидам злоупотребувана вo политички спотови. Не сум член на ниту една политичка партија, нешто што може многу лесно да се провери. Дотолку повеќе, што јас сум единствениот обвинител од осамостојувањето на Македонија, што има поднесено oбвинение против потпретседател на Собрание од редовите на, тогаш владејачката партија, СДСМ“, вели Русковска за „Дојче Веле“

Во опомената што нејзиниот полномошник ја доставил до коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се бара извинување до обвинителката, толку пати колку што и спотот бил емитуван на секоја од телевизиите. Дколку тоа не се случи, ќе биде поднесена тужба пред граѓански суд.

Вилма Русковска ВМРО-ДПМНЕ Избори 2020 кампања опомена Спот тужба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.