Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: По 15 јули ќе засукаме ракави за обнова на Македонија

0
By Нова ТВ on July 5, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: facebook
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 5, 2020 10:13

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е убеден во убедлива победа на опозицијата на претстојните парламентарни избори. Потоа, како рече рече синоќа на средба со граѓаните на Кисела Вода, ќе следува засукување на ракави и да работа на обнова на Македонија.

„Изминатиот период чекоревме полека за да не паднеме, за да не се враќаме неколку чекори назад и да мора да почнуваме се одново. Меревме, премерувавме, носевме одлуки кои можеби секогаш не беа допадливи, но, тоа беа одлуки кои нас нè донесоа до крајната цел, а тоа е што побргу да ни се случат предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски пред граѓаните во општина Кисела Вода.

Сакавме да војуваме, рече, но, тоа да биде војна со извесен крај, а тоа е победа. Кога на човек ќе му се случи нешто лошо, рече тој, како што на Македонија и се случи оваа власт, не треба да се очајува, туку да се исправи и да продолжи да се бори во она што верува.

„Колку нашиот сон и она во што веруваме е поголемо, толку искушенијата до крајната цел се потешки и толку нашата борба е поисправна. Наша цел е онаа Македонија за која сонуваме, онаа Македонија која што ја наследивме и онаа Македонија која што сакаме да им ја оставиме на нашите потомци“, рече Мицкоски пред граѓаните во општина Кисела Вода.

Тој ги повика граѓаните на 15 јули да стават крај на, како што потенцира, корупцијата и на криминалот, на понижувањето на Македонија и да заокружат за број 14 на гласачкото ливче.

„Треба многу грешки да поправаме за некои ќе треба да делуваме брзо и одлучно, а за некои можеби ќе треба повеќе време“, рече Мицкоски додавајќи дека главната матрица на СДСМ е пред избори прво, да дојдат да кажат по некоја лага, второ, да направат национално понижување и криминал и трето, да ги перат гревовите.

 

Пред присутните се обрати и професорката Гордана Силјановска Давкова, носител на Изборната единица 1, која е убедена дека граѓаните ќе дадат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на овие избори. Рече дека претходните претседателски избори биле само вовед и отвориле порта за она што ќе се случува на претстојните парламентарни избори, а тоа е, потенцира таа, голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе се согласите дека не само во Македонија, туку и ширум светот, сите кои се Македонци сега се обединија околу најважните четири букви за македонската историја ВМРО и тоа го знаат. Го разбудија вмровскиот код во секој човек и никогаш не било попотребно и поважно национално единство како денес“, истакна таа.

Мора да сториме сè, потенцира Силјановска Давкова, за младите да останат тука и да се стави крај на кршењето на владеење на правото затоа што нема правна држава ако сите не се еднакви пред законот. 

ВМРО-ДПМНЕ Избори 2020 Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.