„Покажавме дека сме кадарни, дека знаеме. Покажавме љубов, целиот свет дојде да ни се поклони на мудроста и храбрите одлуки. Знаеме како да продолжиме заедно да работиме за татковината. Немојте никогаш да им ги заборавите 11. години владеење. Тие ни се школо и учиме од него. ВМРО ДПМНЕ ви одзеде 11 години од животот и сега како ве повикува да гласате за бројот 14? – Ако од тој број ги одземете 11 години нивно владеење, тогаш излегува бројот 3. Само бројот 3 е сигурност, се друго е опасност за вас и за државата“, говореше лидерот на СДСМ, Зоран Заев на предизборната трибина во Хераклеа во Битола.
Тој пред присутните рече дека „имаме право да живееме европски и нема да ја пропуштиме таа шанса.
И ако уште не сте одлучиле, изборот е лесен, под бројот 3 имате уште две тројки, моите иницијали ЗЗ, па лесно ќе препознаете“, порача лидерот на СДСМ и ја искористи приликата, пред започнување на изборниот молк, да ги повика граѓаните да излезат на 15 јули и да изберат иднина, живот и европски вредности.