Во касарната во Ѓорче Петров денеска ќе биде предадена донација во заштитна медицинска опрема од Кина. Пратката е со вредност од околу 250.000 евра и се состои од 62.000 заштитни маски, 4.200 заштитни очила, 3.000 визири, 6.000 заштитни одела и комплети, ракавици, инфузиски пумпи, електрични термометри и два сета термални шлемови.
На примопредавањето на донацијата најавено е присуство на државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ и кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Ѕуо.