Гласањето на денешните предвремени парламентарни избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе одлучат да го искористат своето право. Ќе се гласа во согласност со Упатството на ДИК и протоколите на Комисијата за заразни болести, кои предвидуваат мерки на заштита на избирачките места, за членовите на избирачкиот одбор кои го спроведуваат гласањето, за набљудувачите, како и за гласачите.
– Во просторијата за гласање не може истовремено да има повеќе гласачи од вкупниот број паравани за гласање.
– Не може да гласа лице што не носи маска или одбива да ја извади за идентификација.
Гласањето на парламентарните избори на изборниот ден 15 јули ќе биде продолжено за два часа и ќе трае до 21 часот.