НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оценка на МОСТ: Изборите минаа во фер и демократска атмосфера

0
By Нова ТВ on July 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изборите минаа во фер и демократска атмосфера. Граѓаните повторно учествуваа во изборен процес во кој слободно можеа да ја изразат својата волја. Изборната администрацијата ефикасно го спроведе гласањето под посебни здравствени протоколи поради пандемијата со Ковид-19 со што граѓаните можеа безбедно да го остварат своето право на глас. Ова е прелиминарната оценка на граѓанската асоцијација МОСТ за предвремените парламентарни избори.

Претседателот на МОСТ, Дарко Алексов на денешната прес-конференција соопшти дека во текот на изборниот ден биле забележани неколку изолирани случаи на неправилности кои, како што рече, не влијае на квалитетот на изборниот процес.

„Изборната кампања генерално мина во релаксирана атмосфера и овојпат не беа забележани инциденти кои влијаеја на атмосферата во која се спроведе, што го продолжува трендот на подобрување во последните неколку изборни циклуси. Исклучок претставуваат случаите на црна и негативна кампања, како и користењето на националистичка реторика“, рече Алексов.

Информира дека Државната Комисија за спречување корупција (ДКСК) постапувала по шест приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и три приговори од непознат подносител во однос на потенцијална злоупотреба на државните ресурси. Прифатени биле два приговора од ВМРО-ДПМНЕ. Тој нагласи дека Комисијата ја продолжува позитивната практика од претходните избори во однос на постапувањето по евентуалните прекршувања, а овојпат, како што рече, сите одлуки беа донесени во согласност со Изборниот законик.

МОСТ ги охрабрува надлежните институции да продолжат со поефикасно отстранување на долгогодишните системски проблеми во водењето и ажурирањето на Избирачкиот список, посебно во однос на стандардизирање на податоците за адресите и координацијата помеѓу надлежните институции.

„ДИК работеше во ефикасна и колегијална атмосфера. Позитивно се оценува транспарентноста на нејзината работа, имајќи предвид дека седниците беа јавни и беа пренесувани на интернет. Сепак, ДИК треба да продолжи да ги зајакнува техничките капацитети во оваа насока, со што на сите заинтересирани граѓани ќе им овозможи да ги следат седниците без никакви пречки“, рече Алесков.

Посочи и дека ДИК постапуваше по 42 приговора за предвремен почеток на изборната кампања, при што ги одби сите, со образложение дека нема доволно докази за постапување. Повторно беше спроведена теренска кампања за едукација на гласачите и позитивно се оценува што беше фокусирана на објаснување на електоратот дека гласањето е безбедно. ДИК оваа кампања интензивно ја водеше и на социјалните мрежи. За хакерски напад на веб-страницата на ДИК за резултатите од изборите, тој смета дека тајмингот во кој се изведе овој напад дава индиции за сомневање дека се работеше за однапред испланиран обид за нарушување на довербата во изборниот процес.

„Изборниот законик беше изменет на денот пред распишувањето на изборите, 15 февруари 2020, што е во спротивност со меѓународните стандарди и практики. Имајќи предвид дека измените беа суштински, а веќе стана вообичаено Изборниот законик да се менува непосредно пред изборите, оваа практика треба да престане. МОСТ апелира по завршувањето на изборите да продолжи сеопфатниот и инклузивен процес на изборни реформи којшто беше спроведен во 2019 година од Министерството за правда и во кој ќе бидат имплементирани и останатите препораки на домашните и меѓународните набљудувачи“, рече Алексов.

Дарко Алексов Избори 2020 Македонија МОСТ оценка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.