НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Кластер од штипска конфекција е причина за големата бројка во саботата

0
By Нова ТВ on July 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Високиот број на новозаразени од саботата (241), исто како и некои претходни варијации т.е. отскокнувања од вообичаениот број, се должи на мал кластер во една од конфекциите во Штип, рече министерот за здравство Венко Филипче.

„Една од неколкуте конфекции во кои имаше поголем број заразени е веќе затворена, а во координација со градоначалникот ќе зборуваме со сопствениците и на останатите конфекции, за да видиме дали според епидемиолошките анкети има потреба и тие да се затворат за намалување на ризикот од пренос на вирусот“, рече Филипче вчера во гостување на ТВ Канал 5.

Појасни дека високиот број не е тренд, туку варијација затоа што, како што рече, јасно е идентификуван бројот на новодијагностицирани пациенти и јасно е утврдено со епидемиолошките прашалници кои во голем процент се завршени, од каде потекнува изворот и трансмисијата на вирусот. Во таа смисла, рече министерот, вкупната бројка кога тоа ќе се изземе, е она што е тренд сите овие изминати денови односно целиот изминат период. Еден одреден процент, константен, во однос на вкупниот број на новодијагнсотицирани отпаѓа на град Скопје, а сите други се низ државата.

Во однос на постизборните собири, но и забавите по клубовите, Филипче потенцираше дека постојат протоколи за секој настан, секоја организација, без разлика дали е на отворено или на затворено.

„Сите мора да се свесни дека тоа е новиот начин на функционирање. И во затворена просторија кога се организираат едукации, полагања на испити итн, се седи на дистанца и се носат маски. На отворено капацитетите се најмногу 50 отсто исполнети, со јасно обележани места каде треба да стојат луѓето. И на отворено, кога има концентрација на луѓе, мора да се носат маските“, рече Филипче.

Тој посочи дека мора да има поголеми контроли дали се почитуваат мерките и протоколите. Смета дека во целокупниот систем тоа сериозно заостанувало или не се извршувало и нагласи дека мора да се прави поригорозно, поинтензивно на терен да се прави увид и контрола, да се проверува дали се почитуваат протоколите.

„Ние не можеме да живееме затворени, не може ниту една земја во светот да живее затворена. Единствена дополнителна мерка на тоа што е сега во сила е рестрикција во движењето, што може многу лесно да се избегне ако се почитуваат мерките“, потенцираше Филипче.

Варијабила Венко Филипче здравство Кластре Ковид-19 Конфекција Тренд Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.