Ниту еден смртен случај по подолго време, 163 новозаболени и 69 излекувани пациенти е ковид билансот во земјата за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во изминатото деноноќие се направени 1.636 тестирања со позитивни резултати кај 52 лица во Скопје, 33 во Штип, 21 во Куманово, 17 во Гостивар, седум во Струга, пет во Битола, Дебар-2, по четири во Тетово и во Кавадарци, по три во Свети Николе и во Демир Хисар, по две во Велес, во Струмица, во Кочани и во Пробиштип и по едно лице во Охрид, во Македонски Брод , во Кичево и во Ресен.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 69 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 41, од Дебар – 1, од Штип – 10, од Прилеп – 4, од Тетово – 1, од Велес – 3, од Кавадарци – 2, од Гостивар – 6 и од Пробиштип – 1. Нема починати пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.412, бројката на оздравени пациенти е 4.940, на починати е 432, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 4.040. Дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје – 4.350, активни 1.892
Куманово – 933, активни 247
Дебар – 175, активни 112
Штип – 640, активни 324
Прилеп – 311, активни 54
Тетово – 955, активни 302
Струга – 377, активни 195
Велес – 208, активни 29
Битола – 94, активни 49
Охрид – 245, активни 130
Кавадарци – 33, активни 19
Гостивар – 315, активни 207
Гевгелија – 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
Струмица – 33, активни 24
Крива Паланка – 22, активни 8
Радовиш – 23, активни 19
Крушево – 14, активни 9
Кочани – 91, активни 23
Пробиштип – 45, активни 28
Демир Хисар – 18, активни 16
Македонски Брод – 10, активни 6
Пехчево – 6, активни 0
Берово – 4, активни 1
Валандово – 6, активни 0
Виница – 5, активни 2
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 12, активни 7
Свети Николе – 203, активни 188
Кичево – 101, активни 82
Ресен – 141, активни 57
Неготино – 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.636 теста се преку ИЈЗ – 729, преку ЦЈЗ Скопје – 10, преку „Авицена“ – 128, преку „Биотек“ – 163, преку МАНУ – 176, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 215, преку „Систина“ со PCR метода – 158, преку Судска медицина – 10, преку ЦЈЗ Битола – 25, преку Инфективна клиника – 4, преку ГАК – 18. Досега во земјата се направени вкупно 88.179 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени шест нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 86 од кои 34 добиваат кислородна поддршка додека нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, седум позитивни деца и едно дете и мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 септември“ се примени десет нови пациенти, вкупно се хоспитализирани се 92 од кои седум се поставени на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 37 пациенти, а во болницата во Штип – 51. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп, во Гостивар, во Струмица и во Струга се хоспитализирани 132 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 285
Аеродром – 193
Бутел – 136
Гази Баба – 208
Центар – 162
Карпош – 176
Сарај – 116
Кисела Вода – 150
Ѓорче Петров – 120
Студеничани – 109
Шуто Оризари – 105
Арачиново – 34
Илинден – 24
Петровец – 21
Чучер Сандево – 12
Сопиште – 20
Зелениково – 12
Странец – 7
Нераспределен – 2