Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двоцифрен број смртни случаи, трицифрен на заболени: Десет лица починаа, 137 нови случаи

0
By Нова ТВ on July 22, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 22, 2020 17:02

Десет починати лица, 137 новозаболени пациенти и 131 оздравен е ковид билансот во земјата за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Од МЗ истакнуваат дека во изминатото деноноќие се направени 1.437 тестирања со позитивни резултати кај 64 лица во Скопје, 19 во Штип, 14 во Струга, по седум во Куманово и во Тетово, шест во Гостивар, пет во Охрид, четири во Кичево, три во Свети Николе, по две во Битола и во Радовиш и по едно лице во Прилеп, во Велес, во Крушево и во Демир Хисар.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 131 оздравен пациент и тоа од Скопје – 41, од Штип – 10, од Тетово – 11, од Струга – 25, од Велес – 3, од Охрид – 36 и од Гостивар – 5.

Починати се десет пациенти – пет од Скопје, двајца од Куманово и по еден од Тетово, од Гостивар и од Радовиш.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 66 години додека во ГОБ „8 септември“ починаа пет лица на возраст од 79 години, од 76 години, од 82 години, од 61 година, односно 72 години.

Во Институтот за белодробни заболувања Козле почина 81 годишен пациент, во Општата Болница во Куманово почина пациент на возраст од 80 години, во Опшатат Болница во Гостивар почина пациент на возраст од 63 години, а во „Филип Втори“ починат пациент на возраст од 67 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.547, бројката на оздравени пациенти е 5.071, на починати е 442, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 4.034. Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје – 4.413, активни 1.909
Куманово – 940, активни 252
Дебар – 175, активни 112
Штип – 659, активни 333
Прилеп – 313, активни 56
Тетово – 962, активни 297
Струга – 391, активни 184
Велес – 209, активни 27
Битола – 96, активни 51
Охрид – 250, активни 99
Кавадарци – 32, активни 18
Гостивар – 321, активни 207
Гевгелија – 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
Струмица – 31, активни 22
Крива Паланка – 22, активни 8
Радовиш – 28, активни 23
Крушево – 14, активни 9
Кочани – 90, активни 22
Пробиштип – 46, активни 29
Демир Хисар – 19, активни 17
Македонски Брод – 10, активни 6
Пехчево – 6, активни 0
Берово – 4, активни 1
Валандово – 6, активни 0
Виница – 4, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 12, активни 7
Свети Николе – 205, активни 190
Кичево – 105, активни 86
Ресен – 141, активни 57
Неготино – 23, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.437 теста се преку ИЈЗ – 410, преку ЦЈЗ Скопје – 29, преку „Авицена“ – 136, преку „Биотек“ – 158, преку МАНУ – 135, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 322, преку „Систина“ со PCR метода – 164, преку Судска медицина – 12, преку ЦЈЗ Битола – 59, преку Инфективна клиника – 5 и преку ГАК – 7. Досега во земјата се направени вкупно 89.703 тестирања на Ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени тројца пациенти, вкупно се хоспитализирани 80 од кои 33 добиваат кислородна поддршка и во моментот нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, седум позитивни деца и едно дете и мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 септември“ се примени 11 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 91 пациент од кои шест се поставени на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти, а во болницата во Штип – 46. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп, во Гостивар, во Струмица и во Струга се хоспитализирани 125 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 275
Аеродром – 200
Бутел – 140
Гази Баба – 206
Центар – 162
Карпош – 174
Сарај – 115
Кисела Вода – 158
Ѓорче Петров – 120
Студеничани – 109
Шуто Оризари – 105
Арачиново – 33
Илинден – 25
Петровец – 22
Чучер Сандево – 11
Сопиште – 20
Зелениково – 13
Странец – 7
Нераспределен – 14

Дневен биланс Ковид-19 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.