Шест починати лица, 127 нови пациенти и 137 излекувани е ковид билансот во земјава за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во изминатото деноноќие, како што истакнуваат од таму, се направени 1.025 тестирања спо позитивни резултати кај 52 лица во Скопје, 29 во Штип, 13 во Гостивар, 10 во Кавадарци, по шест во Куманово и во Тетово, три во Македонски Брод, по две во Прилеп, во Битола и во Виница и по едно лице во Кочани, во Пробиштип и во Свети Николе.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 137 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 108, од Куманово – 2, од Прилеп – 1, од Тетово – 11, од Велес – 1, од Битола – 3, од Гостивар – 2, од Кочани – 2, од Кичево – 2 и од Ресен – 5. Починати се шест пациенти, сите во болнички услови, од кои четворица од Скопје на возраст од 82 години, од 48 години, од 82 години и од 60 години), еден од Кичево на возраст од 52 години и еден од Струга на возраст од 75 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.213, бројката на оздравени пациенти е 5.564, на починати е 466, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 4.183. Дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје – 4.660, активни 1.876
Куманово – 991, активни 284
Дебар – 192, активни 124
Штип – 761, активни 409
Прилеп – 324, активни 53
Тетово – 998, активни 278
Струга – 416, активни 206
Велес – 212, активни 20
Битола – 116, активни 59
Охрид – 262, активни 111
Кавадарци – 48, активни 31
Гостивар – 385, активни 234
Гевгелија – 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
Струмица – 35, активни 24
Крива Паланка – 22, активни 8
Радовиш – 28, активни 23
Крушево – 15, активни 9
Кочани – 95, активни 23
Пробиштип – 48, активни 29
Демир Хисар – 24, активни 22
Македонски Брод – 15, активни 11
Пехчево – 6, активни 0
Берово – 4, активни 1
Валандово – 6, активни 0
Виница – 7, активни 3
Делчево – 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово – 13, активни 8
Свети Николе – 217, активни 189
Кичево – 120, активни 90
Ресен – 143, активни 40
Неготино – 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.025 теста се преку ИЈЗ – 662, преку ЦЈЗ Скопје – 25, преку МАНУ – 10, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 134, преку „Систина“ со PCR метода – 113, преку ЦЈЗ Битола – 59, преку Инфективна клиника – 12 и преку ГАК – 10. Досега во земјата се направени вкупно 96.194 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа се примени четворица нови пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти од кои 41 добива кислородна поддршка и нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, четири позитивни деца и уште 10 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 септември“ се примени десет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 106 од кои пет се поставени на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти, а во болницата во Штип – 49. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп, во Гостивар, во Струмица и во Струга се хоспитализирани 125 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 265
Аеродром – 207
Бутел – 133
Гази Баба – 193
Центар – 150
Карпош – 164
Сарај – 109
Кисела Вода – 183
Ѓорче Петров – 129
Студеничани – 93
Шуто Оризари – 120
Арачиново – 36
Илинден – 23
Петровец – 20
Чучер Сандево – 12
Сопиште – 22
Зелениково – 7
Странец – 8
Нераспределен – 2