Пет смртни случаи, 102 нови пациенти и 99 оздравени е ковид билансот во земјава за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во изминатото деноноќие се направени 1.356 тестирања со позитивни резултати кај 39 лица во Скопје, 13 во Штип, 11 во Куманово, осум во Гостивар, шест во Битола, четири во Кичево, по три во Прилеп, во Охрид, во Кавадарци и во Свети Николе, по две во Тетово и во Струга и по едно лице во Радовиш, во Кочани, во Демир Хисар, во Македонски Брод и во Виница.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 99 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 49, од Штип – 2, од Тетово – 10, од Струга – 17, од Охрид – 15, од Гостивар – 2, од Струмица – 1, од Кочани – 1, од Кичево – 1 и од Ресен – 1.
Починати се 5 пациенти – по еден од Скопје на возраст од 70 години, од Кичево на возраст од 72 години, од Куманово на возраст од 64 години, од Прилеп на возраст од 48 години и од Штип на возраст од 76 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.315, бројката на оздравени пациенти е 5.663, на починати е 471, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 4.181. Дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје – 4.699, активни 1.865
Куманово – 1.002, активни 294
Дебар – 192, активни 124
Штип – 774, активни 419
Прилеп – 327, активни 55
Тетово – 1.000, активни 270
Струга – 418, активни 191
Велес – 212, активни 20
Битола – 122, активни 65
Охрид – 265, активни 99
Кавадарци – 51, активни 34
Гостивар – 393, активни 240
Гевгелија – 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
Струмица – 35, активни 23
Крива Паланка – 22, активни 8
Радовиш – 29, активни 24
Крушево – 15, активни 9
Кочани – 96, активни 23
Пробиштип – 48, активни 29
Демир Хисар – 25, активни 23
Македонски Брод – 16, активни 12
Пехчево – 6, активни 0
Берово – 4, активни 1
Валандово – 6, активни 0
Виница – 8, активни 4
Делчево – 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово – 13, активни 8
Свети Николе – 220, активни 192
Кичево – 124, активни 92
Ресен – 143, активни 39
Неготино – 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.356 теста се преку ИЈЗ – 416, преку ЦЈЗ Скопје – 36, преку „Авицена“ – 112, преку „Биотек“ – 116, преку МАНУ – 187, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 274, преку „Систина“ со PCR метода – 139, преку Судска медицина – 13, преку ЦЈЗ Битола – 47, преку Инфективна клиника – 4 и преку ГАК – 12. Досега во земјата се направени вкупно 97.550 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени девет нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 87 од кои 40 добиваат кислородна поддршка и нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 12 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, четири позитивни деца и двајца пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 септември“ се примени 12 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 106 од кои пет се поставени на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти, а во болницата во Штип – 49. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп, во Гостивар, во Струмица и во Струга се хоспитализирани 130 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 262
Аеродром – 205
Бутел – 128
Гази Баба – 193
Центар – 150
Карпош – 165
Сарај – 105
Кисела Вода – 179
Ѓорче Петров – 129
Студеничани – 92
Шуто Оризари – 125
Арачиново – 36
Илинден – 25
Петровец – 19
Чучер Сандево – 12
Сопиште – 21
Зелениково – 8
Странец – 8
Нераспределен – 3