Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Состанок за Ковид-19 на Мицотакис со надлежните министри – копнените граници една од темите

0
By Нова ТВ on July 30, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 30, 2020 15:01

Прашањето поврзано со копнените граници и евентуалното нивно отворање за државјаните на соседните земији е меѓу темите што се разгледуваат на видеоконференцискиот состанокот за Ковид-19 на грчкиот премиер Крјакос Мицотакис со министерот за здравство и неговиот заменик, со заменик-министерот за цивилна заштита, со претседателот на Националната организација за јавно здравје како и шефот на експсертската комисија во Министерството за здравство на Грција.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, на денешниот редовен бифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на копнените граници, односно дали постои размислување за нивно отворање за државјаните на соседите земји, како и во однос на министерската одлука за привремено ограничување на поврзувањата на Грција со Северна Македонија, Албанија и Турција, која истекува утре, рече дека на состанокот во премиерската палата се разгледуваат и овие прашања.

-Ова е елемент што се разгледува во овој момент на состанокот што е во тек и одговор на ова прашање ќе има кога ќе заврши состанокот. Прашањата што се поврзани со административни одлуки преку заеднички министерски одлуки, што се издадени, а истекуваат во следните денови, исто така ќе се оценат, за да се дадат соодветни насоки, за нивно обновување или прекинување, рече Пецас.

На 15 јули 2020 година, во Службен весник беше објавена одлуката потпишана од министрите за здравство, за транспорт и инфраструктура и за поморство на Грција, што ден подоцна стапи во сила и важи до утре, а се однесува на Северна Македонија, Албанија и на Турција за привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања, како и забрана за влез на грчка територија на лица од конкретните земји.

Портпаролот на грчката Влада, одговарајќи на новинарско прашње, рече дека на состанокот, ќе се разгледа и тековната состојба со коронавирусот во земјата, направените тестови, текот на спроведувањето на мерки, контролите за придржување до правилата и сл.

Пецас на брифингот уште еднаш потсети дека „ова лето е поинакво“ и ги повика граѓание да избегнуваат гужви, да одржуваат растојание и да се придржуваат до упатствата на експертите.

-Ја добивме тешката битка, но не и војната. Ако се опуштиме, ќе го платиме тоа, порача Пецас.

Соопшти дека во текот на вчерашниот ден, надлежните органи направиле 1.178 инспекции за почитување на здрвствените протоколи, констатирале прекршувања во 97 случаи и изрекле 110 казни во висина од 26.200 евра.

Грција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.