Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студија на УНИЦЕФ: Секое трето дете со oпасно ниво на олово во крвта

0
By Нова ТВ on July 30, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 30, 2020 19:34

Едно од три деца во светот имаат високи нивоа на олово во крвта, покажуваат податоците од глобална студија. Широката контаминација сo олово става во ризик милиони млади луѓе, кои можат да развијат сериозни ментални и физички оштетувања како резултат на интоксикација со олово.

Кај околу 800 милиони деца се пронајдени нивоа на олово од 5 микрограми на децилитар или повеќе, според студијата на УНИЦЕФ и групата за животна средина „Чиста земја“ (Pure Earth). Tие нивоа се сметаат за доволно високи за нарушување на нормалниот развој на мозокот, на нервниот систем и на виталните органи како што се срцето и белите дробови.

Светската Здравстевна Организација (СЗО) и Центрите за контрола и превенција на болести на САД повикуваат на вистинска акција, бидејќи извештајот вели дека основната причина е јасна – несоодветно рециклирање на батерии и заситеност на животната средина со загадувачи.

„Недвосмислен заклучок на оваа студија е дека децата ширум светот се отруени со олово во огромно и досега невидено ниво“, се вели во извештајот објавен денеска.

Документот наведува широк спектар на фактори што се сметаат како одговорни за високите нивоа на олово во крвта кај децата – од несоодветно рециклирање на батерии до употреба на боја со олово за домови, отпадоци од олово и загадување на храна заради глазирани керамички садови.

Во извештајот се наведува дека 95 отсто од оловото во батерии се рециклира во САД и во Европа, додека земјите во развој ја немаат таа технолошка способност. Експертите посочуваат дека колку подолго токсинот останува неоткриен во крвта, толку е поголем ризикот од повреди или смрт

деца Олово студија УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.