НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска „гореше“ низ цела Македонија: Измерени 42 степена во Гевгелија

0
By Нова ТВ on July 31, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Температурата на воздухот денеска во Гевгелија се искачи до 42 степена, а во Демир Капија се регистрирани 40 степени Целзиусови. Високи температури, според мерењата на УХМР, имало во сите градови, па максималните температури во Охрид и во Берово била 34, во Претор – 35, во Крива Паланка, во Битола и во Прилеп по 36, во Тетово – 37, во Скопје Петровец, во Штип и во Виница по 38 додека во Скопје Зајчев Рид и Струмица по 39.

Времето во целта земја беше сончево и многу топло, во западните и крајните и источни делови со мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од западен и северозападен правец.

До крајот на денот ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност, во планинските подрачја во северните делови со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветар. Намалување на температурата метеролозите најавуваат од утре.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Во текот на денот ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветар што ќе предизвика опаѓање на дневната температура. Утринската температура ќе биде во интервал од 14 до 24 степени, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со умерена облачност и умерен до засилен северен ветар. Ќе има и услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Од недела до вторник времето ќе биде претежно сончево, а дневните температури ќе бидат пониски за пет-шест степени во однос на денешните. Повторно дестабилизирање со локален пороен дожд и грмежи се очекува во среда.

време Метео прогноза Температури УМХР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.