Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

0
By Нова ТВ on August 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 2, 2020 09:52

Со почит за Илинденците и значајните крушевчани, со подигнување на бајракот на Крушевската Република на Гумење, со читањето на Манифестот на Крушевската Република, со испукување на црешовото топче пред „Македониумот“ и со мерки за заштита за присутните, синоќа во Крушево беше означен почетокот на Научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“.

Обраќајќи се пред крушевчани и гостите, крушевскиот градоначалик и претседател на Манифестацијата „10 дена Крушевска република“, Томе Христоски нагласи дека Илинден е празник на сите нас, празник на минатото, на сегашноста и на иднината. Го одбележуваме во несекојдневни услови на пандемија, но тоа, рече, не нè спречува да го чествуваме достоинствено.

„Продолжуваме да го негуваме Илинденското наследство што е основа на нашето постоење. Сто и седумнаесет години достоинствено одбележуваме херојство, жртва, победа за Македонија, 117 години минато за светла иднина на Крушево. Овој Илинден го одбележуваме во несекојдневни услови. Коронавирусот го обзема нашето секојдневие, но не нè спречува достојно да го одбележиме големиот празник на Македонците и сите граѓани, сите народи, основоположници на нашата држава“, рече Христоски.

Илинденското востание игра голема улога во историјата, во културата и во традицијата на Крушево и државата. Врз основа на тоа ги базираме нашата работа, многу од нашите манифестации, перспективите за иднината.

„Тоа е основата на нашето мултиетничко живеење. Илинден е празник на борбата за подобро утре, за светла иднина на нашите деца, за зачувување на нашиот јазик, на нашиот идентитет, на нашата држава. Нешто што успеавме да го запечатиме во меѓународни рамки за денес да бидеме партнери со напредокот. Ова е празник на меѓусебно почитување, толеранција и прифаќање на различностите. Денес го живееме сонот на Илинденците, а нивната жртва нѝ дава обврска да се потрудиме да создадеме подобро утре за општината, за сите наши граѓани, за најмладите, за повозрасните на кои им должиме подеднакво“, порача Христоски.

Христоски смета дека патриотизам е почитување на соседот, на различниот од нас, како и работата на проекти за развојот на Крушево. Само така ќе се почитува Манифестот на Крушевската Република.

Делегации на општината и на Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ оддадоа почит на Питу Гули, на хероите на Партизанските гробишта, на Тоше Проески. Свежо цвеќе положија во Криптата и пред спомен обележјето на Веле Марков.

Вчера беше отворен и четвртото издание на летниот фестивал „Кога си во Крушево“. Се пријавија преку 200 учесници кои наредните 10 дена ќе може да рекреираат преку богатите содржини на Фестивалот: планинарење, возење велосипед, пешачење, виртуелни трки со примена на сите мерки за заштита.

Денеска, од 10:30 часот, државни делегации и делегации на Општината, на политички партии и здруженија ќе се поклонат пред гробот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев во „Македониумот“, пред спомен-обележјето на Слива, а централното чествување е напладне на Мечкин Камен каде ќе се обрати потпретседателот на собранието, Горан Мисовски.

„10 дена Крушевска Република“ 2 август Илинден Крушево Македонија Манифестација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.