НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев за Денот на Републиката: Илинден е победа за сите кои движат напред

0
By Нова ТВ on August 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска е 2 август, Денот на Републиката, и оддаваме почит кон нашето херојско минато, нагласува претседателот на СДСМ, Зоран Заев во честитката до сите граѓани на Македонија по повод големиот државен празник. Нашите славни претци од Илинденското востание и од Заседанието на АСНОМ, подвлекува Заев, ги поведоа граѓание кон слобода, кон независност и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена македонска држава, признаена од целиот свет.

„Борбата за слобода на македонскиот народ и на сите граѓани кои живеат во нашата земја постојано носеше победи со кои заеднички го трасиравме патот напред. Илинден е голем светилник што го покажува правецот кон сигурна иднина, Илинден е победа за сите кои движат напред. Денес живееме во држава втемелена на Крушевскиот манифест и Манифестот на АСНОМ. Идеите и вредностите запишани во овие безвременски документи од нашата историја денеска се наша реалност“, истакнува лидерот на СДСМ, Заев.

Како одговорни граѓани, потенцира тој, продолжуваме да се водиме од ликот и делата на Илинденците и учесниците во Народноослободителната борба и со чест и обврска ги реализираме нивните идеали.

„Заедно со вас, почитувани граѓани, продолжуваме да ја градиме Северна Македонија како слободна, демократска и заедничка држава, земја пријател на регионот и на светот. Горди на славното минато, уште порешително чекориме кон светлата иднина. Северна Македонија е почитувана држава, полноправна членка на НАТО и преговарач со ЕУ“, вели претседателот на СДСМ Заев во честитката по повод 2 август.

Ден на Републиката Зоран Заев Илинден Макединија празник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.