Времето денеска ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), поинтензивни електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде од 15 до 23 степени, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје ќе биде претежно облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со грмежи и засилен ветар. Минималната температура ќе биде околу 20. степен, а максималната ќе достигне 28 степени.
И утре, под влијание на циклонска активност, времето ќе биде претежно облачно, свежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и изолирана појава на град. Слична е временската прогноза и за петок.