Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Редок феномен: Бебе во „водена обвивка“ се роди на ГАК во Скопје

0
By Нова ТВ on August 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 8, 2020 10:39

Бебе во „водена обвивка“ се роди на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Станува збор за медицинско чудо и редок феномен, раѓање во амнионска обвивка, што се случува еднаш во 80.000 породувања.

Како што информираат од Министерството за здравство, бебето родено во „водена обвивка“ дојде на свет со помош на д-р Елена Ѓоргиевска-Николовска, гинеколог, која заедно со својата колешка д-р Катерина Николоска, со царски рез ја породиле трудницата која носела близнаци.

„Како гинеколог-акушер со 18 годишно работно искуство на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, имав прилика заедно со мојата колешка д-р Николоска да породиме пациентка во термин со близначка бременост со царски рез, при што, по породувањето на првото бебе, почна породувањето на второто бебе со „водена обвивка“. Целата екипа во хируршката сала во еден момент беше изненадена од овој природен феномен и покрај големиот број породувања што ги правиме секојдневно. Навистина, тогаш сфаќаме колку е совршена природата и како ги создала совршено сите работи“, вели д-р Елена Ѓоргиевска-Николовска.

Во текот на бременоста бебето е сместено во матката на мајката, во обвивка која се нарекува „амнионска обвивка“, исполнета со течност, која го штити од бактерии и вируси од надворешната средина во текот на неговиот развој. Обвивката ги поддржува постелката и папочната врвца да ги извршуваат своите функции – да донесат кислород и хранливи материи од мајката кон бебето. На овој начин се развива бебето и преживува заштитено во стомакот на мајката.

„Во текот на породувањето многу ретко се случува „околуплодовата обвивка“ да не прсне и бебето да се роди заедно со обвивката, како што било и внатре во матката, а многу ретко се случува при царски рез, бидејќи околуплодовите обвивки мора да прснат, за да се породи плодот, а речиси никогаш не се случува при спонтано вагинално раѓање“, појаснува д-р Ѓоргиевска-Николовска.

Потенцира дека станува збор за исклучително редок феномен во природата и се верува дека раѓањето во обвивките им носи среќа и на бебето и на целото семејство.

„Водена обвивка“ ГАК Македонија Породување феномен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 19, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

ВЕСТИ April 19, 2026

Неколку престижни бугарски агенции за испитување на јавното мислење и за следење на изборите објавија…

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.