НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска: Да го јакнеме даночниот морал, барајте и скенирајте фискални сметки

0
By Нова ТВ on August 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Апликацијата „Мој ДДВ“ брои над 315.000 корисници. Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги. Не само што остварувате право на поврат и може да добиете некоја од дневните и месечни награди, туку и поради тоа што учествувате во борбата против сивата економија, против затајувачите, порача министерката за финансии, Нина Ангеловска преку нејзиниот Фејсбук профил.

Таа упатува на дел од пораките во „МојДДВ #МојаНаграда“ – „со неиздавање на сметка вашите 5 или 18 отсто, продавачот ги зема за себе, наместо да бидат употребени за доброто на сите. И трговецот кој не го уплаќа вашиот ДДВ во буџетот го користи здравствениот и образовниот систем. Со неиздавање на сметка продавачот прави нелојална конкуренција на чесните продавачи кои си го плаќаат данокот“.

„Со последните измени како одговор на ковид предизвиците беа направени промени во „МојДДВ“ и „#МојаНаграда“ – секој ден по случаен избор се доделуваат 20 награди по 1.000 денари и секој месец 15 награди по 20.000 денари. Повратот на ДДВ за македонски производи сега изнесува 20 отсто и 10 отсто за останатите. Причина плус да ги одбереме домашните производи кога купуваме и со тоа да им помогнеме на домашните компании и на македонската економија и причина плус да ги бараме секогаш и секаде нашите сметки и да го јакнеме даночниот морал. Сите можеме да придонесеме. Сега повеќе од било кога мора да ја зајакнеме борбата со сивата економија која е штетна за нашата економија, за нашето општество“, наведува Ангеловска.

„Моја награда“ Даночен морал Македонија Мој ДДВ Нина Ангеловска Скенирање фискални сметки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.