Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветар. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветар. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне 32 степена.
Во наредните денови ќе преовладува сончево и потопло време со услови за појава на изолирана нестабилност претежно во планинските предели. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.