НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Досега се потпишаа околу 2.000 родители: Oнлајн петиција за онлајн настава

0
By Нова ТВ on August 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 2.000 родители кои досега се потпишале на онлајн петиција, бараат учебната година од 1 септември да се одвива со далечинско учење, што особено се однесува на учениците од прво до петто одделение. Иницијаторите веќе упатиле и официјално барање до институциите за онлајн настава од 1 септември.

Во петицијата се бара да се донесе одлука за далечинко учење за сите ученици, а посебно да бидат опфатени децата од прво до петто одделение, имајќи ја предвид возраста и неможноста за самостојно почитување на здравствените протоколи.

„Единствено со онлајн настава ќе се заштитат децата, наставниците, родителите и нивните блиски, вработените, ризичните групи и целата популација. Моделот што имавме можност да го видиме, а вклучува два часа дневен физички престој во училиште под маски и физичка дистанца, сменска настава, скратена програма и зимски распуст од 180 денови, е модел кој нема да обезбеди здрава средина за развој, социјализација и едукација и не го поништува ризикот од заразување и изложување на ризик на целокупното население“, се вели во петицијата.

Се додава дека со предложениот модел за физичко присуство, дополнително се комлицираат обврските на родителите, а доколку во целиот тој процес бидат вклучени бабите и дедовците (што се чини неминовно), доколку родителите се на работа, се ризикува животот на најранливата категорија граѓани. Без исклучок се бара да биде дадена можност еден од родителите на децата до 10 годишна возраст, да биде ослободен од работа или да има скратено работно време.

„Децата до оваа возраст не можат самостојно да престојуваат дома, особено кога можноста за целодневна настава е исклучена. Потребата од родител постои и во понудениот модел со скратена настава и сменско работење“, нагласуваат авторите на петицијата.

Тие предлагаат за платформа на онлајн настава да биде избрана Microsoft teams или друга соодветна алатка.

Состанокот, што денеска требаше да го продолжат Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството образование и наука, во врска со протоколите со кои се утврдува начинот на реализација на наставата од 1 септември за сите предложени модели, е одложен за утре, потврди за МИА в.д. директорот на Центарот за јавно здравје и член на комисијата, Александар Стојанов.

Иако беше најавувано дека на 10 август ќе бидат финализирани протоколите за почеток на учебната 2020/2021 во услови на пандемија, состанокот вчера заврши без заклучоци и со известување дека ќе продолжи денеска.

МОН Онлајн настава петиција Протоколи родители учебна година
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.