НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белорусија: Марш на жени во бело во солидарност со повредените во протестите

0
By Нова ТВ on August 12, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стотици жени во бела облека и со бели рози и други цвеќиња во рацете формираа „жив синџир“ на Плоштадот „Комаровски“ во Минск, во знак на солидарност со повредените за време на протестите во изминатите денови во Белорусија.

Полицијата побара од жените, претежно млади девојки, да се разотидат, што и се случи, но набрзо се вратија на плоштадот. Тие се држат за раце и извикуваат „веруваме, можеме, ќе победиме“.

Протестите во Белорусија почнаа вечерта, на 9 август, откако актуелниот претседател Александар Лукашенко прогласи победа на претседателските избори, а продолжија во понеделникот и во вторникот, при што беа уапсени неколку илјади демонстранти. Едно лице е убиено во обид да фрли експлозивна направа кон полициските сили, но, сепак, експлодирала во неговата рака.

Главниот противник на Лукашенко, Светлана Тихановска, која, според властите освоила 10,09 проценти од гласовите, избега во Литванија. Западните лидери ги осудија насилствата во Белорусија додека Европската Унија (ЕУ) оцени дека изборите не биле ниту слободни, ниту фер.

Над 1.000 приведени и 50 повредени во демонстрациите во Белорусија

Повеќе од 50 лица се повредени во синоќешните протести во Белорусија, соопшти тамошното Министерство за здравство.

„Синоќа се повредени 51 лице и сите се примени во ургентни центри и болници во Белорусија и укажана им е целосна медицинска помош“, се вели во дописот на Министерството за здравство.

Министерството за внатрешни работи на Белорусија, пак, соопшти дека повеќе од 1.000 лица кои учествувале на нелегални демонстрации се приведени во минатата ноќ.

„Во текот на ноќта на 11 август и во утринските часови на 12 август, регистрирани се нелегални собири на граѓани на 25 локации. Повеќе од 1.000 лица кои учествувале во илегални масовни демонстрации беа уапсени и приведени“, се вели во соопштението на полицијата.

Истражните тела покренаа 17 кривични пријави против лица кои учествувале во нападите врз припадници на полицијата, се додава во соопштението на полицијата.

Белорусија жени Протест. Солидарност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.