НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прво влада, па лидерска: Села, Гаши и Касами му откажаа на Ахмети за денеска

0
By Нова ТВ on August 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на Алијансата за Албанците и на Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши нема да одат на средбата на партиите од албанскиот политички блок што денеска напладне ја организира претседателот на ДУИ, Али Ахмети. На средбата нема да оди ниту лидерот на Беса, Билал Касами.

Ахмети ја планираше заедничката средба за денеска на годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор, а покрај Села, Гаши и Касами, поканет беше и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој досега не се изјасни јавно дали ќе присуствува.

Села и Гаши вчера информираа дека прифаќаат заедничка средба со лидерите на партиите од албанскиот политички блок, но бараат наместо денеска, таа да се одржи по 17 август. Според нив, за да има суштински и плоден состанок, би било добро поканата да има предлог агенда, за да имаат појасна идеја за причината за неговото организирање.

И од движењето Беса синоќа соопштија дека нивниот лидер Билал Касами нема да присуствува на лидерската средба. Беса предлага воспоставување нов модел на средби на парламентарните политички парти на Албанците, односно тоа да се случи по формирање на новата влада.

Од ДУИ, пак, преку соопштение изразија благодарност до оние кои искажале интерес за учество на средбата и објавија агенда од неколку точки за кои би дискутирале партиските челници.

„Статус на реализација на определбите од Заедничката декларација во претходниот мандат; Евалуација на предвремените парламентарни избори од 15 јули 2020 година; Формирање на меѓупартиски совет во согласност со Заедничката декларација и утврдување на рокови за реализација на заедничките цели“, се темите шти ги предлага ДУИ.

Партијата од Мала Речица не го коментира откажувањето на Села, на Гаши и на Касами, но велат дека остануваат отворени за натамошни средби во текот на следната недела или на кој било иден датум за кој, како што наведуваат, би се договориле на денешната заедничка средба.

Иницијативата на Ахмети за лидерски состанок на партиите од албанскиот политички блок наиде на критики од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој ја оцени како „притисок врз него и коалицијата „Можеме“ за премиер по предлог на ДУИ“. За тоа дали средбата на лидерите на партиите на Албанците, може да влијае врз формирање на новото парламентарно мнозинство, Заев кажа дека е прерано да се даде каков било одговор на тоа.

Средбата на албанските политички челници, според агендата на ДУИ, треба да се одржи напладне во хотел „Парк“ во Скопје, во истовреме со предавањето на мандатот за составување нова влада од претседателот Стево Пендаровски на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

албански партии Али Ахмети ДУИ лидерска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.