Светлана Тихановскаја, главниот противник на белорускиот претседател Александар Лукашенко на неодамнешните претседателски избори, порача дека ќе се врати во Белорусија од Литванија кога ќе се чувствува безбедно.
На денешната прес-конференција во Вилнус таа изјави дека народот во Белорусија сака да се одржат нови избори, кои би биле слободни и фер, пренесуваат британските медиуми.
На претседателските избори што се одржаа во Белорусија на 9 август, Лукашенко победи со околу 80 проценти од гласовите, додека Тихановскаја, која освои 10 отсто од гласовите, наредниот ден се пресели во Литванија поради закани по нејзиниот живот.
По објавување на изборните резултати, во Минск и други белоруски градови избувнаа масовни протести што предизвикаа судири меѓу демонстрантите и полицијата.