Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тихановскаја: Отворени сме за преговори со власта во Минск

0
By Нова ТВ on August 25, 2020 ВЕСТИ
Фото: tellerreport.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 25, 2020 13:18

Белоруската дисидентка Светлана Тихановскаја, која е во егзил во Литванија, претпладнево се обрати пред Европскиот Парламент (ЕП) и потврди дека опонентите на режимот на претседателот Александар Лукашенко се подготвени за преговори со власта, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тихановскаја беше поканета утрово да одржи говор пред комисијата за надворешни работи на ЕП. Таа ја повика Европската Унија (ЕУ) и меѓународната заедница да го почитуваат суверенитетот на белорускиот народ, кој со недели мирно протестира против резултатите од изборите од почетокот на овој месец.

„Демонстрантите нема да се откажат. Волјата на народот нема да биде скршена. Наша цел е да постигнеме фер и слободни избори. Оттука ја изразувам нашата подготвеност да преговараме со властите и да назначиме преговарачи. Спремни сме да разгледаме можност за посредување од страна на меѓународни организации. Јас иницирав координативен совет со сите чинители во општеството и сите страни од политичкиот спектар, но властите одговорија со закани и заплашувања кон членовите на советот“, изјави Тихановскаја пред европратениците.

Неформалната лидерка на опозициското движење во Белорусија истакна дека овие протести не се „ниту про, ниту анти Русија, ниту про, ниту анти ЕУ“.

„Ова е демократска револуција, битка на една нација да одлучи за самата себе, слободно и праведно да ги избере своите лидери и да одлучи за својата судбина. Ова не е насилна револуција“, рече Тихановскаја, повикувајќи ги сите страни и држави да го „почитуваат територијалниот интегритет на Белорусија“.

Протестите во Белорусија започнаа по претседателските избори на 9 август и прогласената победа на Александар Лукашенко кој е на власт од 1994 година. На овие избори немаше меѓународни набљудувачки мисии, а ЕУ и САД не ги признаваат резултатите и ги сметаат за фалсификувани.

Во име на европската дипломатска служба на денешната седница на комисијата за надворешни работи на ЕП се обрати и Хелга Шмид, генерална секретарка на Европската служба за надворешни работи. ЕУ, рече таа, од блиску ја следи состојбата на терен во Белорусија и се спротивставува на било какво влијание од надвор.

„Она што е многу важно во оваа мобилизација е дека таа се однесува на слободен избор на лидерите и иднината и не се сведува на бинарен избор помеѓу ЕУ и Русија, впрочем на протестите нема ни ЕУ знамиња“, потсети Шмид.

Европската Унија „најстрого“ ја осудува бруталноста на властите кон демонстрантите, тортурата и деградирачкиот третман и повикува на ослободување на сите политички затвореници, истовремено фокусирајќи се на изготвување на санкции кои нема да го погодат обичниот народ и ревизија на односите ЕУ – Белорусија.

Белорусија ЕП ЕУ Светлана Тихановскаја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.