Пет починати пациенти, 127 нови и 60 оздравени е ковид билансот во земјава за последните 24 часа, соопштија од Министерството за здравство (МЗ). Во изминатото деноноќие, според МЗ, се направени 1.768 тестирања со позитивни наоди кај 38 лица од Скопје, 23 од Куманово, 15 од Прилеп, 12 од Гостивар, осум од Тетово, пет од Велес, по три од Штип, од Прибиштип, од Берово, од Делчево и од Свети Николе, по две од Пехчево и од Струга и по едно лице од Дебар, од Битола, од Охрид, од Кавадарци, од Струмица, од Виница и од Неготино.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 60 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 19, од Дебар – 1, од Битола – 3, од Кавадарци – 11, од Гостивар – 22, од Демир Хисар – 1, од Кичево – 2 и од Неготино – 1.
Починаа пет пациенти – двајцата од Гостивар на возраст од 77 години, односно 63 години и по еден од Крива Паланка на возраст од 69 години, од Неготино на возраст од 69 години и од Скопје на возраст од 70 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.799, бројката на оздравени пациенти е 10.210, на починати е 573, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 3.016. Дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје – 5.733, активни 892
Куманово – 1.401, активни 362
Дебар – 242, активни 77
Штип – 1.111, активни 261
Прилеп – 414, активни 78
Тетово – 1.197, активни 181
Струга – 547, активни 142
Велес – 264, активни 38
Битола – 197, активни 53
Охрид – 326, активни 60
Кавадарци – 170, активни 90
Гостивар – 752, активни 300
Гевгелија – 42, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
Струмица – 58, активни 23
Крива Паланка – 37, активни 11
Радовиш – 40, активни 11
Крушево – 16, активни 0
Кочани – 134, активни 30
Пробиштип – 79, активни 24
Демир Хисар – 60, активни 26
Македонски Брод – 69, активни 36
Пехчево – 12, активни 6
Берово – 42, активни 33
Валандово – 7, активни 0
Виница – 64, активни 42
Делчево – 38, активни 33 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово – 16, активни 2
Свети Николе – 278, активни 68
Кичево – 263, активни 98
Ресен – 146, активни 1
Неготино – 44, активни 14 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1768 теста се преку ИЈЗ – 510, преку ЦЈЗ Скопје – 21, преку „Авицена“ – 132, преку „Биотек“ – 268, преку МАНУ – 117, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 217, преку „Систина“ со PCR метода – 342, преку лабораторија „Лаор“ – 56, преку Судска медицина – 12, преку ЦЈЗ Битола – 53, преку Инфективна клиника – 19 и преку ГАК – 21. Досега во земјата се направени вкупно 140.093 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 14 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациент од кои 50 добиваат кислородна поддршка и ниту еден не е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, три позитивни деца, една мајка и уште две деца што се водат како суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 септември“ се примени двајца нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 54 од кои девет се приклучени на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а во болницата во Штип – 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп, во Гостивар, во Струмица и во Струга се хоспитализирани 110, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 117
Гази Баба – 108
Аеродром – 104
Карпош – 95
Центар – 94
Кисела Вода – 94
Ѓорче Петров – 67
Бутел – 68
Шуто Оризари – 38
Студеничани – 20
Сарај – 23
Арачиново – 18
Илинден – 13
Сопиште – 7
Чучер Сандево – 7
Петровец – 8
Зелениково – 4
Странец – 4
Нераспределен – 3