Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дипломатско фијаско во Турција: Зошто немаше стол за претседателката на Европската Комисија?

0
By НОВА ТВ on April 8, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 8, 2021 18:03

Вчера се случи дипломатски гаф каков што одамна немаме видено. Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган се сретна на официјален состанок во Анкара со Урсула вон дер Лајен, претседателката на Европската Комисија, и Чарлс Мишел, поранешниот премиер на Белгија кој е сега претседател Европскиот Совет. Инцидентот кој ги преплави социјалните мрежи всушност беше краток момент на незгодност кој имаше длабоко сексистички импликации: на официјалниот состанок немаше стол за Урсула вон дер Лајен додека имаше стол за Ердоган и Мишел. Во видеото објавено на The Guardian може да се види дека на вон дер Лајен ѝ е очигледно непријатно и дури се слуша како таа вели „ехм“, имплицирајќи дека треба да има место и за нејзе и дека е иритирана од инцидентот.

Сепак, вон дер Лајен сепак не го напуштила состанокот и седнала на троседот во собата карши турскиот министер за надворешни работи. Инцидентот добива поголема вредност кога ќе се земе во предвид дека Вон дер Лајен е првата жена претседателка на Европската Комисија и дека таа и Мишел имаат еднакво висок ранк во Европската Унија.

Исто така една од темите кои требало да бидат дискутирани на средбата биле женските права и неодамнешното повлекување на Турција од Истанбулската Конвенција, односно меѓународната правно обврзувачка конвенција за превенција и борба против насилството врз жените и против домашното насилство. Пред само две и пол недели Турција се повлече од Истанбулската Конвенција, иако Турција беше првата држава која ja ратификуваше оваа меѓународена конвенција во 2012та година. Илјадници жени во Турција протестираа против одлуката на Ердоган.

„Какво дипломатско фијаско,“ напиша поранешната Комесарка на ЕУ, Виолета Булк, на Твитер.

Во видеото кое вон дер Лајен го објави на својот Твитер профил таа не го спомна инцидентот со столот и нагласи дека ЕУ сака да ги засили екомонските врски со Турција, но и напомена дека е загрижена за повлекувањето на Турција од Истанбулската Конвенција.

Веројатно заради популарноста на самиот дипломатски гаф, главната тема на состанокот помеѓу вон дер Лајен, Мишел и Ердоган не доби толку внимание колку што доби самиот контроверзен инцидент. Вон дер Лајен и Мишел го продолжија догороворот со Турција околу миграционата политика. Односно на состанкот со Ердоган, Европската Унија одлучи да го продолжи веќе постоечкиот договор од 2016тата година преку кој Турција доби 6 милијарди евра за да го сопре движењето на мигрантите/бегалците накај Грција (која е обично првата ЕУ држава во која влегуваат бегалци од Северна Африка и Блискиот Исток). Преку овој договор, ЕУ враќаше сите мигранти и бегалци кои „нерегуларно“ дошле на грчките острови би требало да се вратат во Турција додека наводно не се ослободело доволно место во европските држави за овие луѓе. Овој договор беше критикуван од многу страни, меѓу кои и Amnesty International, како крајно нехуман бидејќи во Турција нема соодветни услови за престој на голем број бегалци и Турција не дава официјален статус за азил на бегалци кои не од Европа (во Турција практично сите бегалци не се од Европа).

Иако сексизмот кој го искуси Урсула вон дер Лајен е несомнено битен, јавноста не смее да заборави што всушност се договори на овој состанок и колку само би можело да наштети продолжувањето на договорот за миграција со Турција на бегалците, една од најранливите групи во светот.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

ВЕСТИ July 14, 2026

Американската војска соопшти дека завршила нов петчасовен бран напади врз Иран и тоа, како што…

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

July 12, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.