Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали ќе може ГЕРБ да формира коалиција по изборите во Бугарија?

0
By НОВА ТВ on April 20, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 20, 2021 17:40

Има голема неизвесност во Бугарија по изборите кои се случија на почетокот на месецот. Бугарскиот претседател Румен Радев денес го предаде мандатот за формирање на влада на десната ГЕРБ (Граѓани за Европски Развој на Бугарија). Но овој пат кандидатот за премиер на партијата не е Бојко Борисов туку на Даниел Митов, политичар кој беше поранешен министер за надворешни работи на Бугарија.

ГЕРБ располага со 75 пратеници што не е доволно за мнозинство од 121 пратеник во бугарскиот парламент што е потребно за да се формира влада. Партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ која располага со 51 пратеник може да е единствен потенцијален коалиционен партнер на ГЕРБ. Потпретседателот на „Има таков народ“, Тошко Јорданов исто така изјави дека неговата партија не сака да формира коалиција ни со Бугарската социјалистичка партија (БСП) која освои 43 пратеници, ниту пак со „Движење за права и слободи“ (ДПС), партијата најчесто асоцирана со етничките Турци, која освои 30 пратеници. Но лидерката на БПС, Корнелија Нинова изјави дека нејзината партија е спремна да формира коалиција со „Има таков народ“, а потенцираше дека БПС не би поддржал мандат на ГЕРБ.

Сепак, Јорданов кажа дека партијата „Има таков народ“ е спремна да формира коалиција само со десната „Демократска Бугарија“ или на „Исправи се! Мафија надвор!“, партијата која се формираше по протестите против владата на ГЕРБ во летото, 2020.

„Ние не сакаме да влеземе во коалиција со некоја од партиите на статус квото. Ако воопшто успееме да формираме кабинет, тоа би било со некоја од партиите кои се формираа за време на протестите,“ рече Јорданов. „Кога мандатот ќе стигне до нас, јас ќе ви дадам одговор. Не можеме од напред да кажеме што ќе се случи,“ додаде Јорданов, потенцијално имплицирајќи дека мисли дека ГЕРБ нема да може да формира коалиција.

„ГЕРБ ја покажа својата спремност за формирање влада. Вие, пратениците, ќе кажете дали тоа навистина ќе се случи,“ изјави претседателот Радев.

„Постои опција да го вратиме мандатот, ние не сакаме да губиме време. Правилно е да имаме функционална влада што е можно побрзо,“ каже вице-премиерот Томислав Дончев од ГЕРБ.

Иако процесот за формирање на нова бугарска влада изгледа дека можно е да трае подолго време, претседателот Радев нагласи дека мора да се почитува уставот. „Претседателот не може да биде архитектот на идната коалиција и влада. Не сакам да ја инволвирам институцијата на претседателот на било каков начин. Формирањето на владата е комплетна одговорност на парламентот и на партиите кои се дел од истиот. За сега мојата улога е да обезбедам платформа за дијалог,“ кажа Радев, нагласувајќи дека е владата има многу важна улога во менаџирањето на бугарската држава особено во време на пандемијата и моменталната социо-економска криза.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.