Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Корона кризата и проблеми со меморијата: Што претставува „мозочната магла“?

0
By НОВА ТВ on April 22, 2021 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Животите на повеќето луѓе несомнено се променија за време на последната година од Корона. Многумина почнаа да работат од дома, скоро сите образовни институции се префрлија на платформи за онлајн учење, пристапот до кафулиња и места за социјализација драстично се намали, како и можноста за среќавање во затворени простори. Нормално, сите овие рестрикции беа и дел од нив сѐ уште се на сила поради општото јавно физичко здравје, особено здравјето на постарите луѓе и луѓето со хронични болести.

Но, овој нов и до сега невиден начин на живот имаше и сѐ уште има големи последици по менталното здравје на многу луѓе. На пример, Британските психијатрите предупредуваат дека Англија се соочува со „криза на менталното здравје“ која е особено акутна кај младите луѓе под 18 години која може да ги преплави здравствените капацитети во Англија. Според истражување на Royal College of Psychiatrists, во 2020 во Британија помеѓу месеците Април и Декември биле упатени за 28% повеќе лица под 18 години за да добијат помош околу нивното ментално здравје – рекордна бројка која до сега не била видена.

Секако, не страда менталното здравје само кај младите, туку и кај другите возрасни групи. Забележано е и дека едно специфично поле од колективното ментално здравје особено попушта по повеќе од година дена во изолација, несигурност и траума: нашите когнитивни способности. Повеќе експерти и психијатри зборуваат за феноменот на „brain fog“ или „мозочна магла“ во напис на The Guardian.

„Бидејќи сум научник за меморија, многу луѓе ми кажуваат дека нивната меморија е навистина слаба и зборуваат за оваа когнитивна магла,“ вели Катерин Лавдеј, професор по когнитивна невро-наука на Универзитетот во Вестминстер. Таа зборува дека можно објаснување за оваа когнитивна или мозочна магла е тоа што не доволно работи се менуваат во нашите околини. Односно, бидејќи голем дел од луѓето сега мораат да го поминат голем дел од нивното време во нивните домови и искусуваат помалку социјализација, тие не искусуваат доволно стимулација што всушност ги прави да се чувствуваат поспоро, подезориентиранo, да не можат да се фокусираат на задачи или пак да имаат проблеми со нивната меморија бидејќи наеднаш скоро сите денови почнуваат да изгледаат многу слично.

„Од моментот кога ќе се родиме – всушност, од пред да се родиме – кога ќе има нов стимул, бебето ќе ја сврти главата кон него. И, ако како возрасни гледаме досадно предавање и некој влезе во собата, тоа ќе го разбуди нашиот мозок за тој да тргне во акција. Ние имаме еволуирано за да престанеме да обрнуваме внимание кога ништо не се менува, но да посветиме особено внимание кога работите навистина се менуваат,“ објаснува проф. Лавдеј околу потенцијалните еволуциски причини за овој модерен феномен. Таа советува дека некогаш луѓето може подобро да обрнуваат внимание ако ја променат околината во која тие работат, како на пример, таа предлага вежбање или прошетка во парк за време на слушање на предавање, потенцирајќи дека променетата средина всушност може ни помогне подобро да се фокусираме.

Џон Симонс, професор по когнитивна невро-наука на Универзитетот во Кембриџ дава слични објаснувања како Лавдеј околу мозочната магла. „Нема нешто што не е во ред со нас. [Мозочната магла] е сосема нормална реакција на ова прилично трауматично искуство што колективно го имавме во последните 12 и кусур месеци“, вели проф. Симонс.

Проф. Симонс објаснува дека еден од главните проблеми што веројатно ја предизвикува мозочната магла е фактот што деновите за време на пандемијата скоро да немаат своја „посебност“. Ако поголемиот дел од времето го поминуваме во нашите домови и во денот немаме патување од едно до друго место или ако ни фали социјализација, овие работи може да има важно влијание врз начинот на кој мозокот ги обработува сеќавањата. Односно, процесот на формирање сеќавања, кој се одвива во хипокампусот — центарот на мозокот одговорен за нашата меморија — обично овозможува успешно кодирање на индивидуалните спомени. Но, сега овој процес се одвива поразлично и почнуваме да не можеме да разликуваме една меморија од друга и да ги повратиме истите сеќавања ефикасно. Затоа, овој период некогаш не можеме се сетиме дали нешто се случило минатата недела или минатиот месец.

Проф. Симонс смета дека оваа мозочна магла ќе остане со нас подолго време, особено ако рестриктивните мерки продолжат уште многу долго време и ако нема ефикасни процеси за вакцинација. Но добрите вести се што оваа состојба на мозочна магла е привремена за повеќето луѓе. Сепак, проф. Симонс е загрижен за постарата популација — која генерално беше уште поизолирана од другите возрасни групи – и смета дека можно е кај некои од постарите луѓе да има побрз невролошки пад заради условите на пандемијата.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.