НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбалскиот ПР кошмар на неуспешната Европска Супер Лига

0
By НОВА ТВ on April 23, 2021 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во недела вечерта прв пат се слушна голема вест во светот на фудбалот: формирањето на Европската Супер Лига. Веќе во понеделникот имаше остри реакции од политичари на различни страни на политичкиот спектар, фудбалски регулатори и фанови на тимовите. Во вторникот имаше протести против Супер Лигата организирани од страна на фановите, како на пример протестот на фановите на англискиот фудбалски тим Челси пред стадионот Стамфорд Бриџ во Фулхам. По негативни реакции од сите страни, вторник вечерта се повлекоа клубовите Манчестер Сити и Челси од новоформираниот проект и потоа останатите 4 англиски клубови – Арсенал, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем – исто така се откажаа од идејата. И така за помалку од една работна недела, Европската Супер Лига доживеа неверојатно брз пораз.

Во напис за Politico, Пол Далисон на многу хумористичен начин пишува за колку тој смета дека ПР-от (односите со јавноста) им бил ужасен на Супер Лигата. Далисон пишува: „Фудбалската војна помеѓу Салвадор и Хондурас. Бродот беше заглавен во Суецкиот канал. Мексиканското претседателство со Педро Ласкураин. Оној пат, кога се обидов да направам касуле по рецептот на Ентони Бурдејн. Сите овие работи траеја подолго од Европската Супер Лига.“ Далисон изгледа до некаде шокиран што толку кратко траеше оваа фудбалска лига, особено кога ќе се земе во предвид дека беа во прашање големи пари и моќни играчи.

И покрај смешните аспекти во целата работа, некои сепак мислат дека ова не е крајот на Европската Супер Лига. Во напис за The Guardian, Барни Ронеј смета дека ова е само првиот обид за формирање на лигата, пишувајќи: „Охрабрувачки е да се чувствува енергија, чувство на сопственост и заедништвото разбудена од оваа ненадејна презентација на фактите за тоа каде се наоѓаме [по распаѓањето на Супер Лигата]. Но, не смееме да ја направиме грешката дека ова финално, ова е едноставно повлекување, момент на прекин на огнот, лажен мир.“

Според Ронеј, ова е само привремена победа на фановите. Исто така, изгледа дека многумина кои беа инволвирани во краткото формирање и откажување од Лигата добија доста негативен ПР. Но, не и Роман Абрамовиќ, мијардерот кој, меѓу другото, е и сопственик на клубот Челси. Абрамовиќ, пак, доби позитивен публицитет кога неколку поголеми англиски медиуми – како The Sun и Telegraph — пренесоа дека тој бил „екстремно лут“ наводно бидејќи тој бил „погрешно информиран“ за каква реакција би можел потегот на Челси да има. Набргу, Челси стана еден од првите два тимови кој ја напушти лигата. Ронеј смета дека медиумите и фановите требало да бидат покритични околу Абрамовиќ кој иако е екстремно богат милијардер преку ноќ стана „заштитник на играта на народот, непријател на елитите, олигарх на масите.“

Без разлика што еден милијардер доби позитивен публицитет, скандалот на Европската Супер Лига отвори многу дискусии за какви реформи се всушност потребни во европскиот фудбал. Во написот на Бен Џојс за британското списание Tribune, тој објаснува дека поради финансиската структура на европскиот фудбал, Европската Супер Лига беше практично логичен заклучок на долгогодишни случувања. Тој исто така го спомнува германскиот економски модел за фудбал каде фановите на еден тим се делумни сопственици како потенцијално решение на кризата која ја доживува европскиот фудбал. За истиот модел пишува и Дејв Бранек за Jacobin magazine, но тој зборува дека дури и во овој модел каде фановите поседуваат 50 + 1 процент од клубовите, некогаш може да доминираат комерцијалните интереси. Тој смета дека германскиот модел е само прв чекор кон целта на демократизацијата на фудбалот, а дека активната политичка инволвираност од страна на фановите на меѓународно ниво е тоа што може вистински да направи долгорочни промени во фудбалот.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.