НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бочварски: Законот за легализација на дивоградби може да реши 50.000 проблеми

0
By НОВА ТВ on May 18, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека бројката од околу 50.000 дивоградби што би биле опфатени со новиот закон за легализација, што не беше потпишан од претседателот на државата и се враќа повторно во собраниска процедура, е според проценките на општините. Точната бројка ќе се знае доколку законот повторно биде донесен и откако ќе се поднесат барања за легализација. На располагање сме, вели Бочварски, за подобрување на законот.

-Општините имаат најдобра анализа,  тие имаат ингеренции во делот на урбанизацијата и планирањето во своите матични општини.Ние разговаравме со  повеќе од општините во дел на тоа какви сознанија имаат во аспектот  на досега нерешени и одбиени предмети по првиот закон за бесправно изградени објекти и секкао некаква нивна проценка. Затоа реков за општините од среден тип генерално бројките се движат околу две до три илјади бесправно изградени објекти со коишто  располагаат. Секако дека тоа е некаква состојба на  бесправно изградени објкети, преку 50.000 во државата во моментот, а досега запишани во Катастарот по првиот закон се околу 260.000 објекти. Доколку се донесе ваков закон ќе видиме колку барања ќе бидат поднесени и тоа ќе биде најточниот аргумент и доказ колку се тие објекти на број, рече Бочварски.

Законот, истакна, може да реши 50 000 проблеми.

Во државата постојат одредени проблеми во секоја сфера, па и во оваа и тука владата е најповикана. Овој закон е предложен во 2019 година во Собранието и оттогаш стои во одредена собраниска процедура. Разговарав со опозицијата уште пред неколку недели на оваа тема така што посакував овој закон да се донесе со поголемо мнозинство, зошто се работи за законско решение кое на некој начин навлегува во зоната на одредени други закони. Но, е закон кој може да реши 50 000 проблеми. Ако не се донесе ваков закон, е исто варијанта, но тогаш треба да се мисли што ќе се прави со тие објекти, вели министерот. Стоиме на располагање за подобрување на ова законско решение, бидејќи спротивното од ова, значи рушење на голем број станбени објекти, рече Бочварски, потенцирајќи дека е потребна поддршка од стручната фела за наоѓање решение за овој проблем.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.