НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вакцинациската нееднаквост продолжува: Деца во побогати земји на ред пред ризични групи во сиромашни земји

0
By НОВА ТВ on May 19, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Локдаун рестриктивните мерки се намалуваат низ побогатите земји. Во Франција ќе се отворат продавниците, баровите и културолошките простори. Исто така најавено е дека од среда во Франција на групи до шест лица им е дозволено да јадат заедно на тераси на отворено ресторани.

Австрија, пак, дозволи ресторани, кина и театри да се отворат за прв пат по шест месеци.

Д-р Рошел Валенски, директорката на центар за контрола на болести во САД, стои зад својата одлука да се дозволи на целосно вакцинирани луѓе да не носат маски. Според The New York Times 124.5 милиони луѓе се веќе целосно вакцинирани во САД.

Овие вести се само уште еден симптом на вакцинациската нееднаквост низ светот. Додека во САД скоро половина од населението е целосно вакцинирано, Антонио Гутерез, генералниот секретар на Обединетите Нации, објасни минатата недела дека повеќе земји во развој немаат добиено ниту една доза од било која од вакцините. Тој апелираше да се дуплира производството на Ковид вакцини за да се спречи развојот на нови мутации од вирусот – нешто што би било лошо за сите. Односно Гутерез посочи дека вакцинациската еднаквост е во интерес на целиот свет.

Проф. Ендру Полард, еден од луѓето кои работеа на развојот на Астра-Зенека/Оксфорд вакцината и директор на Oxford Vaccine Group, денес излезе со сличен апел, сметајќи дека вакцинациската нееднаквост мора итно да се смени.

„Главната цел на глобалната програма за вакцинирање во пандемија е да се превенира повеќе луѓе да умрат,“ им кажа проф. Полард на една британска парламентарна група. „Работев во Непал и Бангладеш и колегите таму се соочуваат со најужасните околности – тие не работат во ситуација кога има National Health Service (британската национална здравствена организација) да ги поддржува.“

Индија, која сѐ уште жестоко се бори против пандемијата, конечно доживува мал пад во случаите со Корона вирус. Вчера беа регистрирани 267 174 позитивни случаи во Индија по долги недели со над 300 000 случаи дневно во една од најнаселените земји во светот. Соседната држава Непал – која има популација од 28 милиони жители – сѐ уште има висок број на случаи и се соочува со здравствен систем кој е пред колапс. Вчера беа регистрирани 8 136 случаи во Непал. Во Бангладеш – држава со 163 милиони жители – има одреден пад во регистрираните Корона вирус случаи. Вчера беа регистрирани 1 272 позитивни случаи.

“Се чувствува целосно погрешно да се биде во морална ситуација во која дозволуваме [овој степен на смртност] да се случи, додека во многу земји вакцините се даваат на помлада и помлада популација која е изложена на многу, многу мал ризик. Децата имаат скоро на нула ризик од тешка болест или смрт,” додаде проф. Полард.

Ковакс, меѓународната шема за обезбедување еднаков пристап до вакцините Ковид, во моментов има недостиг од 140 милиони дози, по нарушувањето во снабдувањето од Индија.

Исто така Германија која пред неколку недели ги блокираше преговорите во Светската Трговска Организација (СТО) за ослободувањето на патентите на Ковид вакцините преку олабавувањето на дел од таканаречените TRIPS закони, сѐ уште ја нема сменето својата позиција по ова прашање. Заради тоа што СТО функционира на принципот на консензус, за сега нема начин да се започнат овие преговори без Германија да ја промени својата позиција.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.