НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мијалков останува во притвор – Кривичен суд ја одби гаранцијата

0
By НОВА ТВ on May 20, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ТВ21 известува за новите случувања околу случајот за Сашо Мијалков:

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков останува во притвор.

Ова следува откако Кривичниот суд донесе одлука да ја одбие понудената гаранција во вредност од речиси 11 милиони евра.

„Во предметот со КОК бр. 60/17, од обвинителството означен како „Трезор“, за укинување на мерката притвор и определување гаранција, ја информирам јавноста дека: Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, по добиено позитивно мислење од надлежното обвинителство, за уважување на предлогот за укинување на мерката притвор со замена – гаранција, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива како неоснован“, пишуваат од Судот.

Од таму се додава дека советот, по проучување на списите во предметот, смета дека се уште постојат причини поради кои била определена мерката притвор, имајќи ги во предвид видот и карактерот на кривичните дела како и висината на изречената казна.

„1.Имено, обвинетиот во предметот со КОК бр. 60/17, од обвинителството означен како „Трезор“, со првостепената пресуда е осуден на 8 години казна затвор, а зо која надлежното обвинителство предложи определување мерка притвор. Воедно обвинетиот во предметот со КОК бр. 47/17, од обвинителството означен како „Таргет – тврдина“, со првостепена пресуда е осуден на 12 години казна затвор, а против истото лице се водат и два други предмета за кои претходно беа определувани други мерки за обезбедување присуство токму по предлог на надлежното обвинителство.

2.На постоење на опасноста од бегство, заради која мерката притвор беше предложена од обвинителот и прифатена од судот,  упатува и фактот дека обвинетиот по определување на мерката куќен притвор во предметот со КОК. бр. 47/17 ( „Таргет – тврдина“)  повеќе од 24 часа беше недостапен на органите на прогон, што води до заклучок дека по прифатена гаранција и укинување на мерката притвор, може повторно да биде недостапен на органите на прогон.

3.Ја известуваме јавноста дека јавниот обвинител по поднесениот предлог за укинување на мерката притвор со определување гаранција на 18.05.2021 година даде мислење да се уважи предлогот, НО претходно на 22.04.2021 год. и 04.05.2021 год. до судот има доставено мислења да се одбие предлогот за укинување на мерката притвор со предложената гаранција.

4.Водејќи се по член 150 ст.3 од ЗКП согласно кој судот е тој што по слободна оценка одлучува дали ќе определи гаранција и кој ќе биде износот на истата, а во правец на претходните две негативни мислења на ЈО, Кривичниот совет не се согласува со проценктата на обвинителството дека висината на понудената гаранција претставува доволен основ за замена на мерката притвор со гаранција“, стои во соопштението.

Ова решение не е правосилно, односно против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд во рок од 3 дена по приемот на решението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.