НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета: Младите Британци повеќе не сакаат монархија

0
By НОВА ТВ on May 21, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Младите во Велика Британија повеќе не сметаат дека државата треба да ја зачува монархијата и сега сакаат повеќе избран шеф на државата, а бројот на оние кои сакаат да го сторат тоа во последните неколку години се зголемува, според анкета објавена денеска.

Според истражувањето на YouGov, 41 отсто од оние на возраст од 18 до 24 години сметаат дека сега треба да има избран шеф на државата, наспроти 31 отсто кои сакаат крал или кралица. Ова е пресврт во ставовите од пред две години, кога 46 отсто претпочитаа монархија отколку 26 отсто кои сакаа да се замени.

Генерално, сепак, истражувањето има добри вести за 95-годишната кралица Елизабета Втора и за кралското семејство –  61 отсто претпочитаат монархија, додека нешто помалку од една четвртина сметаат дека треба да биде заменето со избрана извршна власт.

Последните неколку месеци беа тешки со смртта на 99-годишниот сопруг на кралицата, принцот Филип, во април и кризата што следеше со внукот на Елизабета Втора, принцот Хари и неговата сопруга Меган, со американската водителка Опра Винфри.

Претходните социолошки студии покажаа возрасна поделба, при што помладите генерации имаа поповолен став кон Хари и Меган отколку постарите, кои имаат многу негативни чувства кон нив.  Иако не постои можност да се стави крај на монархијата се додека кралицата остане на тронот, постои загриженост за кралското семејство со намалената поддршка кај помладите Британци.

Педесет и три отсто од луѓето на возраст меѓу 25 и 49 години поддржуваат зачувување на монархијата, што е за 5 отсто помалку од слична анкета во 2019 година, додека поддршката за избран шеф на државата е зголемена за четири отсто.

Меѓу оние над 65-годишна возраст, 81 отсто ја поддржуваат монархијата, речиси непроменета поддршка за две години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.