НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделени наградите „Жан Моне“

0
By Biljana on May 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја додели наградата „Жан Моне“ и тоа во три категории, за најдобра новинарска сторија, за најдобра професионална фотографија и за најдобра аматерска фотографија.

Новинарките Ивана Смилевска и Емилија Петреска од Радио МОФ ја освоија наградата во категоријата најдобра новинарска сторија во 2020 година за текстот со наслов „Од Вива ла Дива до победа во Стразбург – колку државата е отворена за транс права“ во кој се обработуваат предизвиците со кои се соочуваат трансродовите лица во Македонија.

Наградата, пак, за професионална фотографија и припадна на Арбнора Мемети за фотографија објавена во Мета.мк, додека за наградата за најдобра аматерска фотографија му припадна на Виктор Поповски.

„Професионален и објективен медиумски сектор може да биде огромна сила која што ќе придвижува промени кон подобро, обезбедувајќи транспарентност и отчетност, но исто така стимулира јавна дебата, креативност и иновативност. Секторот има должност да обезбеди почитување на највисоките професионални стандарди. Владата треба да гарантира постоење на средина каде што можат да напредуваат независни и професионални медиуми. И сите ние сме должни да зборуваме кога слободата на медиумите е оспорена“, рече амбасадорот Гир во својот поздравен говор.

Со жири комисијата која одлучуваше за доделување на наградите претседаваше Марина Тунева од Советот за етика во медиумите во Македонија, а членови беа искусни новинари и фоторепортери, како и претставници на Делегацијата на Европската Унија.

„Ова 18-то издание на наградата Жан Моне уште еднаш ја покажа важноста на новинарството и медиумите за развој на демократијата. Исто така, за тоа е уште позначајна и поддршката на младите новинари и фоторепортери, кои и тоа како покажуваат чувство за вистински теми важни за општеството“, рече Дарко Дуридански од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Наградата се состои од статуетки за сите победници изработени специјално за оваа пригода, ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра за победниците во категоријата најдобра новинарска сторија и најдобра професионална фотографија, како и ваучер во вредност од 500 евра за победникот во категоријата најдобра аматерска фотографија. Статуетките за наградата годинава ги изработи ликовниот уметник Антонио Пирковски.

Темата на конкурсот за најдобра новинарска сторија и најдобра репортерска фотографија беше „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”, а за аматерска фотографија „Заедницата – тоа сме ние“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.