Конечно дојде и денот кој сите го очекувавме! Утре (сабота) се отвора Дино Парк Скопје 



Вратите на Дино Парк ќе бидат отворени за посетители од 9:00- 21:00, а цената за влез е 50 денари.
Ве очекуваме во најзелениот тематски парк, каде што се засадени 430 високостеблести и нискостеблести растенија и каде што има вкупно 41 диносаурус, од кои дел се мултимедијални- се движат и испуштаат звуци. информираа денеска преку Фејсбук од скопската Зоолошка градина.
Праисториските диносауруси од јура и креда периодот се омилени кај најмладата популација и со пуштањето во употреба на оваа едукативна и забавна атракција- проект кој е заеднички на Градот Скопје и Зоолошката градина, веруваме дека ќе придонесеме за туристичката понуда во градот. Се гледаме утре (Влезот е од Градскиот парк), порачаа од скопската Зоо градина.