НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче се сретна со семејството на донорот: Јасмина беше мајка на 10-месечно бебе

0
By НОВА ТВ Balaban on June 1, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утрово се сретнав со семејството на 40 годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи. Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Јасмина беше мајка на 10 месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест, никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

Во неделата на Клиниката за кардиохирургија беше извршена третата трансплантација на срце во историјата на нашата држава. Операцијата беше извршена врз 39 годишна жена, со вродена срцева маана, кoја подолго време чекаше донор. Тешката операција трaеше 5 часа.

Филипче денеска изјави дека состојбата на пациентката е стабилна и оти сите параметри се добри.

– Сите параметри кои произлегуваат од анализите направени до денес се добри и сите се во фаза на подобрување, така што очекувам дека денес може постепено да се ослободува од респираторната машина, изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по настанот на Универзитетската клиника за детски болести по повод Светскиот ден на детето.

Освен срцето, беа пресадени и бубрези од донорот и тоа кај 44-годишен маж кој беше на хемодијализа и кај 30-годишна жена која беше на перитонеална дијализа.  Двајцата пациенти на кои завчера им беа трансплантирани бубрези од починат донор се чуствуваат добро.

 

Василковски Венко Филипче донор семејство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.