Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На гостите на свадба ќе им се мери температура, ракување и гушкање не е дозволено

0
By Ivana on June 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 2, 2021 15:07

Владата вчера на седница го донесе протоколот за свадби, прослави и веселби со цел да ја уреди одлуката со која се дозволува нивно организирање на отворен простор односно на летни тераси до максимум сто лица, но не повеќе од 50 проценти исполнетост на капацитетот.

Владиниот портпарол Муамет Хоџа во одговор на новинарско прашање денеска на прес-конференција прецизираше дека протоколот предвидува стандардна процедура – на влез да има поставено и задолжително да се користи средство за дезинфекција и да се мери температура. Просторот на летните тераси да е отворен од трите страни, забрането е поздравување со ракување, гушкање или друг вид физички контакт со гостите.

-Ангажирање музика односно естрадни уметници е дозволено само при организирање свадби односно музичарите треба да бидат оддалечени најмалку пет метри од најблиската маса и не смеат да се движат помеѓу гостите. Протоколот дозволува играње на подиум со безбеден простор од четири квадратни метри по лице со почитување на препорачаната дистанца, рече Хоџа.

Организаторот на прославата има обврска да достави листа на гости до одговорниот менаџер на објектот кој, пак, има обврска да го евидентира секој гостин на прославата. Организаторот е обврзан и да ги запознае сите гости со препораките предвидени во протоколот. Менаџерот на угостителскиот објект е должен да ја регистрира и пријави прославата во Комората на угостители која води регистар на свадби, прослави и веселби. Ако се движат во затворениот дел, гостите задолжително ќе носат заштитни маски. Во однос на казните за непочитување на мерките, Хоџа рече дека за нив се задолжени надлежните институции што ќе контролираат.

Владата на синоќешната седница ги прифати препораките за попуштање на рестриктивните мерки предложени од Комисијата за заразни болести.

гушкање Протоколи свадба температура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.