Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што ќе биде со Законот за државјанство?

0
By Biljana on June 2, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 2, 2021 19:18

Измените на Законот за државјанство заглавија во матичната Комисија за одбрана и безбедност. Пратениците од власта и опозицијата на денешната расправа не се договорија околу предлог текстот кој по скратена постапка е влезен во собраниска процедура. Расправата ја отворија пратениците од ВМРО – ДПМНЕ кои побараа јавна дебата и експертски мислења со цел да се добие подобро законско решение. Ставот на опозициската партија е дека решенијата не се доволно добри, па дури во некои делови се противуставни. Велат дека со предложените законски решенија се прават пропусти дури и во редовната постапка за добивање државјанство, што пак, според нив е неприфатливо и не е дозволиво за една сериозна држава штопретендира да стане член на ЕУ.

„Имавме три барања. Прво побаравме јавна расправа, но тоа веднаш ни го одбија. Потоа побаравме по член 122 став 2, на комисиската расправа да се повикаат претставници на државни институции, агенции, министерства, директорати, НВО и стручна фела кои би можеле на самата седница да ги консултираме за сите спорни прашања и тоа барање не беше прифатено. Третото барање од наша страна беше да се формира работна група во рамки на Комисијата која ќе треба да изготви извештај, да се направи широка дебата со заклучоци на стручна фела и ова барање беше одбиено“, вели пратеникот БојанСтојановски од ВМРО ДПМНЕ.

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Миле Талевски, ја прекина седницата. Талевски ја обвини опозицијата дека со процедуралните дискусии ја кочи и опструира работата на Собрението. Тој вели дека пратениците имале можност да дадат свои предлози уште на првата седница на 5 март.

„Ниту еден од пратениците, вклучително и пратениците од ВМРО – ДПМНЕ, не даде предлог за јавна дебата или повикување експерти. Согласно тоа, дневниот ред беше усвоен со 8 гласа „за“ од 11 присутни“, изјави Талевски за МИА и додаде дека пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ нема поднесено амандмани по овој Предлог закон.

Ако законот добие зелено светло од Парламентот, за добивање на државјанство нема да биде валиден досегашниот услов лицето да биде жител на Македонија најмалку осум години. Документот ќе може да се добие и ако лицето живее во земјава четири години, што според опозициската ВМРО ДПМНЕ се коси со Преамбулата на Европската конвенција за државјанство, каде е препорачано лицето што бара државјанство на друга земја да биде жител во таа земја непомалку од осум години.

Услов за добивање на државјанство, повеќе нема да биде ниту активното зборување на Македонски јазик. Новите измени предвидуваат лицето да го зборува еден од службените јазици во Република Северна Македонија, во случајот Македонски или Албански јазик. Се укинува и обврската со добиеното државјанство да се положи заклетва.

Предлог измените на Законот за државјанство беа иницирани од пратениците на Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива. Претседателот на Алијанса,Зијадин Села, во изјава за НОВА ТВ вели дека илјадници барања за државјанство со години чекаат во фиоките на МВР.

„Овие луѓе живеат тука уште пред Македонија да има државност. Овие луѓе немаат државјанство затоа што некој не сака да гради праведна држава за сите граѓани, некој сака да игра на картата на расизам и на диференцијација и надискриминација“, ни одговори Села.

За тоа колку лица чекаат да добијат македонско државјанство, Села не упати во МВР. И пратениците кои го разгледуваат предлог законот немаат конкретна бројка колку лица ќе бидат опфатени со законските измени – велат пресметките допрваќе ги прави Министерството за внатрешни работи.

АА првично бараа државјаните од поранешните југословенски републики, кои до независноста на 8 септември 1991 година живееле во Македонија, да можат да добијат македонско државјанство само со изјави од сведоци, без да бидат приложени документи како доказ. Ваквото барање наиде на негодување кај пратениците од власта, а како реакција Коалицијата АА, со илјадници амандмани блокираше повеќе законски измени во Парлементот.

Премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши кон средината на април постигнаа договор за Законот за државјанство, по што беше одблокирана работата на Собранието.

Во 1992 година беше почната постапка, во согласност со Европската конвенција за добивање на државјанства, во која 61.000 лице кои живееле во земјава пред распадот на Југославија добиле државјанство и уште дополнителни 5000 граѓани кои по истиот основ добиле државјанство во 2004 година.

Билјана Божиновска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 16, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

ВЕСТИ May 16, 2026

Денеска попладне и Виница ќе се придружи на „Маршот на ангелите“ кој е посветен на…

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.