Не може работодавач кој што не исплатил две или три плати и придонеси за здравствено и пензиско осигурување на стотици вработени да си помине со 200 евра казна а работниците да си ги бараат платите во судска постапка која е скапа и не може еден работник кој не земал три месеца плата да плаќа судски трошоци и адвокати, сметаат од Гласен Текстилец.
По средбата со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпанска и директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска на која беше разговарано за проблемите со кој работниците се соочуваат во последниот период во однос на неисплатени плати, придонеси на плата и исплата на подминимална плата, здружението Гласен Текстилец алармираше на злоупотреби од страна на работодавачите во делот дека фирмите ги пријавуваат како микро или мали претпријатија
– Ова не коренспондира со реалната фактичка состојба бидејќи не може да се водат правни лица како микро или мали претпријатија кој имаат вработено преку 270 вработени и располагаат со голем капитал. Воедно Гласен Текстилец исто така смета дека глобите кој ги изрекува Државниот инспекторат за трудот на работодавачите се мали и не одговараат согласно тежината на констатираниот прекршок, бидејќи претставува можност работодавачот да ја плати глобата без никакви потешкотии и да продолжи со практиката да ги прекршува работничките права, велат од Гласен Текстилец.
Здружението Гласен Текстилец ќе иницира промени во законската легислатива во делот на глобите кој се однесуваат за прекршени работнички права, затоа што смислата на секое превентивно казнување е корекција на однесување и превоспитување за во иднина прекршувањето да не се случи или да се сведе на минимум.