Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Построги казни за компаниите кои не исплатиле плати и покрај добиените субвенции од државата

0
By Ivana on June 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 3, 2021 14:30

Сојузот на Синдикатите на Македонија бара, освен парични, да има и затворски казни до една година за оние работодавачи кои нема да им исплатат плати на работниците иако за тоа добиле субвенции од државата. Само така, велат од ССМ, ќе се стави крај на овој тип на прекршување на правата на работниците.

-Ние во нашите барања до Државниот инспекторат за труд и до Државниот пазарен инспекторат инсистираме  да се примени Кривичниот законик и да има, не само парична казна, туку и казна затвор до една година за тие управители, менаџери и директори, за да се подигне свеста дека парите што ги дава државата се наменски, се за работникот, односно се даваат за субвенционирање на платата на работникот, рече претседателот на ССМ Дарко Димоски одговарајќи на новинарско прашање по средбата со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Тој упати апел до сите работници да се охрабрат и да ги пријавуваат и овие, но и сите други прекршувања на нивните права.

-Ги охрабрувам работниците преку апликацијата е-советник да пријават за себе анонимно, за друго лице, да ја искористат оваа можност, а ние во име на ССМ ќе поведеме судски спор, бесплатно ќе ги застапуваме во судовите и ќе им дадеме бесплатна правна помош, рече Димовски.

Тој додаде дека казните се мали само доколку пријавите не се напишани така како што треба. Се казнува 200, 300, 400 евра, нагласи, ако не се знае како да биде попoлнета пријавата. Глобите, нагласи Димовски, можат да бидат значително поголеми, а ние како ССМ имаме ресурси и капацитетити да застанеме зад секој работник кому му се прекршени правата.

Министерката Шахпаска рече дека сега откако УЈП ги објави податоците на команиите кои не ги исплатиле платите иако добиле субвенции треба да настапат институциите и да ја овозможат правдата.

-Сега се на потег институциите кои се надлежни и со мерки и активности треба да ја испорачаат правдата, но и да овозможат да се испочитува она за што ние како Влада отворено се заложивме и така ја креиравме финаниската поддршка на компаниите, рече Шахпаска.

Таа нагласи дека инспекциските служби работат постојано на терен, дека е зголемен обемот на нивната работа. Државниот инспекторат за труд, нагласи, излегуваше на терен на вонредни надзори, секаде каде  имаше кршење на работничките права ги адресираше и постапуваше согласно неговите ингеренции.

УЈП денеска соопшти дека до 31 мај 2021 година плата на своите вработени не им дале вкупно 181 работодавач кои добиле финансиска поддршка од државата за февруари и март. Од нив, 157 не исплатиле плата за еден месец, а 24 за двата месеца.

казни плата помош ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.