Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нема нов договор со Бугарија, се бараат формулации за преговарачката рамка со ЕУ

0
By Ivana on June 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 4, 2021 14:57

Премиерот Зоран Заев, во одговор на новинарски прашања за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека се водат тајни преговори со Бугарија, и дали опозицијата е запознаена со разговорите, изјави дека не се преговара за нов договор со Бугарија, туку се бараат формулации за преговарачката рамка со ЕУ. Повтори дека не се преговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

– Ние немаме преговори, ниту пак правиме нов договор со Бугарија, се бараат формулации за делот на преговарачката рамка што ја носи Европскиот совет, значи одлуката е таму, не се одлучува нешто во Бугарија или во Северна Македонија, рече Заев.

Предлогот како што рече Заев, на кој се разговара во европските институции билатерално помеѓу двете земји е португалскиот и оти првичните реакции од бугарска страна не се негативни.

– И од наша страна рековме дека е добра основа и да му дадеме шанса на процесот затоа што за нас е важно тоа што го сфати цела ЕУ, а гледам го сфаќа и пријателска Бугарија – македонскиот јазик и македонскиот идентитет се неприкосновени и за нив нема никакви разговори. Ова го соопштивме јавно, секаде и на сите состаноци во Брисел – додека е на маса или некој има намера да го стави на маса, за разговори и преговори, македонскиот јазик и македонскиот идентитет ние не преговараме. А сега гледате дека разговараме, значи ова прашање е тргнато на страна, рече Заев.

Дополни дека неодговорните статуси на Фејсбук од страна на опозицијата и коментарите во јавноста, не и носат добро на државата, потенцирајќи дека државата мора да чекори напред и да наоѓа решенија.

– Сме кажале дека е заедничка грижата за нашиот јазик и нашиот идентитет. Португалскиот предлог го имаат и опозициските партии, тоа сум сигурен и знам дека е така, драго ми е што не излегуваат детално да го коментираат, затоа што може да се нанесе штета, затоа што се уште се разговара за предлогот, но дефинитивно јас ве уверувам дека нема нешто кое што би го загрозило нашиот интерес, односно може само да ја гарантира нашата европска иднина. За други дебати секогаш сум на располагање, а штом ќе заврши оваа фаза на разговори јас стојам на располагање да излезам на дебати со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев.

Заев апелираше до бугарските раководни структури, да го продолжат тоа што го испратија како порака дека се за поддршка на европеизацијата на С Македонија и на целиот Западен Балкан, изразувајќи надеж дека ќе остварат меѓусебен контакт со техничкиот премиер на Бугарија, Стефан Јанев. 

Бугарија ЕУ Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.