Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Превентивни активности во летниот период за безбедност во сообраќајот

0
By Ivana on June 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 4, 2021 22:04

Под мотото „Вози одморен“, РСБСП ќе спроведе сообраќајно превентивни активности во летниот период, информираат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот во рамките на денешната работна средба на Претседателот на РСБСП, Гордана Кожуваровска, со директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија, Душко Пешиќ.

Целта на состанокот, како што велат оттаму, било унапредување на соработката помеѓу двете институции преку размена на искуства знаење и позитивни пракси и реализација на заеднички сообраќајно превентивни активности во летниот период под мотото „Вози одморен“.

– Како составен дел на состанокот беше организиран стручен собир на кој присуствуваа претставници на двете институции. На стручниот собир беше презентиран начинот на работа на двете институции, реализираните активности во изминатиот период, резултатите од досегашната работа, позитивните и негативните искуства и беа дефинирани нови начини и модели на дејствување со цел помалку жртви на патиштата, стои во соопштението од РСБСП.

Дополнуваат дека во изминатиот период оствариле неколку работни средби со претставници на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија и, како што велат, може да се каже дека резултатите од досегашната соработка се исклучително позитивни. Согласно тоа, како плод на досегашната соработка направена е размена на видео спотови, едукативни видео материјали за деца, стручна литература, размена на искуства и знаења.

– Имајќи го предвид фактот дека во летниот период двојно се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, од кои што голем дел се случуваат токму на автопат и во тие сообраќајни незгоди главно учесници се возачи кои транзитираат низ Република Северна Македонија, на денешниот состанок ќе биде договорена реализација на заедничка кампања која во текот на летниот период ќе се реализира на граничните премини во двете држави и на автопатиштата во двете држави, велат од РСБСП.

Статистичките податоци покажуваат дека во земјите од регионот на Југоисточна Европа бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди на 100 000 жители е поголем во однос на земјите членки на ЕУ и согласно тоа, неопходно е безбедноста во сообраќајот и регионалната соработка во областа на безбедноста на патниот сообраќај, да се издигнат на значително повисоко ниво.

лето мерки превентива сообраќај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.